Три правила на Меланија Трамп за воспитување дете: Забранила дадилки, но не отстапила од една работа

Точка

22/01/2025

14:08

1.639

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп е мајка на синот Барон, кој сега има 18 години.

Постојат различни приказни за поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, која по вторпат ја носи оваа ласкава титула. Нејзиното име често било во центарот на скандали, но едно е неспорно – таа е многу посветена мајка. Нејзиниот син Барон сега има 18 години, а таа никогаш немала дадилка додека го одгледувала. Во воспитувањето на својот син, најмногу ѝ помагале родителите Виктор и Амалија Кнавс и сестрата Инес. Благодарение на нив, Барон како дете зборувал со словенечки акцент, што неодамна беше забележано во симпатични видеа на социјалните мрежи.

Иако ретко зборува за својот приватен живот, Меланија во неколку прилики ги споделила своите принципи за воспитување.


1. Почитување на индивидуалноста

Во интервју за Fox & Friends, сопругата на Доналд Трамп беше прашана за мудри совети за мајките кои се соочуваат со предизвици при воспитувањето деца во денешното општество.

Според г-ѓа Трамп, најважно е родителите да покажуваат љубов и да го гледаат секое дете како уникатна индивидуа.

„Водете се од љубов и третирајте ги вашите деца како посебни личности. Сите сме различни. Бидете внимателни и сакајте,“ изјави Меланија.


2. Моќта на родителите

Таа истакна дека за воспитување дете се потребни огромна сила и трпение. Истовремено, стабилната поддршка од родителот му дава на детето чувство на сигурност.

„Како мајка знам што значи воспитувањето дете. Потребни се многу сила, време, трпение и целата наша љубов,“ рече Меланија во својот говор за Денот на мајката во 2019 година.

Таа додаде:


„Како мајки, ние сме привилегирани што можеме да ги донесеме децата на светот и да ги водиме во светот на возрасните. Поради блиската врска со нашите деца, ги чувствуваме нивните емоции – среќа, тага, нервоза или возбуда – сето тоа го доживуваме заедно со нив. Тоа е една од најмоќните и најубавите страни на мајчинството,“ заклучи таа.


3. Време за себе

Меланија ја подвлече важноста од наоѓање време за себе.

„Погрижете се како мајка да ги излекувате своите рани за да не ги пренесете на вашето дете,“ истакна таа, додавајќи дека ова е правило од кое никогаш не треба да се отстапува.


Според неа, добар родител може да биде само оној што е во хармонија со себеси. Во спротивно, детето ќе ја почувствува нерамнотежата. Затоа е од суштинска важност секој родител да си обезбеди простор за лична грижа.