Живеел во автомобил, чистел продавница поради болната мајка, а неговата девојка си го одзела животот: Тажната приказна за човекот кој со години го смее светот

Точка

21/01/2025

20:22

2.159

Големина на фонт

а а а

Џим Кери го залуде светот со улогата во филмот „The Mask“. Тоа била отскочната штица за човек кој оттогаш насмеа милиони, но исто така човек претрпел и неверојатни животни удари пред славата.

Кога станал ова што е денес, трагедиите, за жал, продолжиле да следат, а една од нив било и самоубиството на неговата поранешна девојка, која дури во прошталното писмо наводно открила дека тоа го направила поради него.

Познатиот комичар Џим Кери (60) живеел во комбе, а денес е во самиот врв на најплатените актери во Холивуд. Меѓутоа, неговиот пат до ѕвездите воопшто не бил лесен. Неговите гестикулации и фацијални експресии го направиле единствен во светот на комичарите, а најдобар доказ за тоа се „Ајс Вентура“ и „Глупав и глупав“. Меѓутоа, светот дозна дека тој не бил само „циркузант“ откако го погледнаа „Шоуто на Труман“.


Тој израснал осамен и се плашел од светот околу него, а комедијата за него била бегство од реалноста. Џим го поминал најголемиот дел од својата младост гледајќи во својот одраз во огледалото, не од љубопитност, што е разбирливо за младите адолесценти, туку од неописливо чувство на осаменост.

Во интервју за магазинот „Интервју“ кога имал 22 години, тој ја открил причината за ова:

„Поголемиот дел од времето го поминував во соба со огледалото. Не знаев дека треба да се дружам со моите врсници. Поминував часови сам со себе“, тажно признал актерот, опишувајќи како всушност започнал неговиот пат кон еден од најдобрите светски комичари.


Започнал да имитира само да би ја расположил болната мајка

„Лежеше во кревет и пиеше апчиња за болки. Сакав да ѝ помогнам“, зборувал Џим во интервју за „CBS 60 minutes“.

Таткото на Џим ја изгубил работата кога актерот имал 16 години, набргу потоа целото семејство завршило на улица, а младиот Кери, кој дотогаш бил одличен ученик, го напуштил училиштето и се вработил како чистач во локална продавница за да помогне во издржувањето на семејството. Едно време семејството живеело во автомобил.

„Татко ми можеше да биде одличен комичар, но не мислеше дека тоа е можно за него“. Наместо да ја следи својата страст, тој донел конзервативна одлука и добил сигурна работа како сметководител. Меѓутоа, кога имав 16 години, тој беше отпуштен од таа сигурна работа, а нашето семејство мораше да направи се за да преживее“, па додал:

„Тоа искуство ме научи на нешто длабоко: Дури и ако играш на сигурно, може да не успееш. Можеш да не успееш во нешто што не ти се допаѓа. Па зошто да не ризикуваш и да го правиш она што навистина го сакаш? Тоа го научив од татко ми. Не се работи само за тоа што ви нуди животот, туку и за она кон што сте спремни да се стремите, без страв од неуспех. Затоа што најголемиот ризик е да не се обидувате“, изјави Џим.

Паралелно ја започнал својата кариера настапувајќи во локалните клубови во родниот Торонто, а посериозни ангажмани следеа дури кога актерот одлучил да се пресели во Холивуд на 21-годишна возраст. Првата сериозна можност ја добил во култниот клуб „The Comedy Store“ во Лос Анџелес. Настапот, кој подоцна во магазинот „The Holywood Reporter“ го опишал како „вежба за самоказнување и казнување на публиката“, поминал неславно, а единствениот аплауз што го добил бил кога ја напуштил сцената.

Неговата среќа се свртела со појавувањето во телевизиската серија „In Living Color“ која му ги отворила вратите на филмската индустрија. Следувале низа успешни хитови. Комедиите „Ајс Вентура“, „Глупавиот и поглупавиот“ и „Маска“ за кои доби номинација за Златен глобус, ја зацврстиле неговата позиција во Холивуд, а по нив бил ангажиран во посериозни филмови како „Човекот на месечината“.


Успешен, но несреќен

На прв поглед, актерот постигнал сè за што сонувал како 16-годишно момче. Тој се пробил во светот на комедијата и благодарение на својот неверојатен талент станал првиот актер во историјата кој заработил 20 милиони долари за улогата во филмот „Мајстор за кабелска“ во 1996 година.

Сепак, и покрај сè, Џим сè уште не бил среќен. Во приватниот живот имал низа неуспешни врски и неуспешни бракови.

Во клубот „The Comedy Store“ кај што настапувал ја запознал својата прва сопруга, келнерката Мелиса Вомер. Набрзо се венчале и ја добиле ќерката Џејн Ерин Кери, но по седум години брак, парот се развел.

Неговиот втор брак со актерката Лорен Холи, која ја запознал на снимањето на филмот „Глупавиот и поглупавиот“ траел само осум месеци. За време на снимањето на филмот „Јас, јас и Ајрин“ ја запознал Рене Зелвегер со која накратко бил свршен.

Тој поминал три години со шминкерката Катарина Вајт, која ја запознал во 2012 година, пред таа трагично да си го одземе животот со предозирање со апчиња. По погребот, каде што Џим бил дел од поворката која го носела телото, семејството на покојната девојка, објавило извадоци од нејзиниот приватен дневник во кој таа го обвинила Кери за психичко малтретирање.

„Ти направи добри работи за мене, но врската со тебе ме скрши како личност, Џим. Ми го вети Џекил, а наместо тоа го добив Хајд, напишала таа во една од пораките што ги објави „Дејли мејл“.

Трауматичниот настан го привлече вниманието на долгогодишната борба на Џим Кери со депресијата, за која во неколку наврати отворено говорел во јавноста. Актерот признал дека скапо го чинел „методскиот пристап“ за улогата на комичарот Енди Кауфман во „Човек на Месечината“.

Откако завршил со снимањето, се чувствувал депресивен и се обидел да се врати на себе. Во интервју за онлајн магазинот „Разговори“, тој се присетил како тогаш сфатил дека „може да се изгуби во улогата“ и почнал да се прашува „Кој е навистина Џим Кери“.

„Тој е депресивен човек“

Но, депресијата со која актерот се бори и денес започнала многу порано. Неговата прва сопруга Мелиса Вомер го опишала како „екстремно депресивна личност“ со која животот не бил лесен.

Кери, кој со години користел антидепресиви, никогаш не криел дека страдал од депресивни епизоди, а своевремено имал и проблеми со алкохолот и другите опијати. Во интервју за Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, актерот зборувал за тоа што претставува депресија за него.


„Луѓето постојано зборуваат за депресија. Разликата помеѓу депресијата и тагата е во тоа што тагата доаѓа од случајно – ако нешто ви се случило или не ви се случило. Депресијата е кога вашето тело ќе ви каже, не сакам повеќе да бидам овој лик, не сакам повеќе да ја носам оваа маска што сте ја создале во светот. Зборот „депресија“ треба да го разберете како „длабок одмор“. „Потребен ви е длабок одмор од ликот што се обидувавте да го играте““, ја опишал својата долгогодишна борба славниот актер.

Сепак, вели дека сега успева да го држи животот под контрола и е среќен.

„Поминаа години, но сега, кога ќе дојде дождот, не се задржува. Тоа чувство не останува доволно долго за да ме удави. Слободен сум од оваа работа и не ми е грижа што мислат луѓето за мене. Сè што сакам е да ги натерам луѓето да мислат дека имам добра енергија“, зборувал актерот.

Актерот почнал и да слика, што му помага да се справи со депресивните мисли.

„Во сликарството секогаш постои ризик да уништам се што сум направил. Понекогаш замислувам нешто и сфаќам дека нема да успее и дека сум потрошил премногу време на таа слика. Но, мора да ризикуваш инаку никогаш нема да постигнете нешто повеќе, нешто што навистина ќе допре некого. Некогаш постојат ризици дека ќе уништите нешто за што навистина се грижите“, изјавил Кери.

Актерот по продолжението на филмот „Глупав и Поглупав“ направил подолга пауза – се врати годинава со улога во филмот „Соник“, а во првата изјава за медиумите, за која многумина не знаеја дали е вистинита или пак една се работи за една од неговите шеги – дека го направил тоа „бидејќи му се потребни пари“.


Интернетот е полн со цитати на Џим Кери. Корисниците на социјалната мрежа X ги објавија оние кои објаснуваат „кој по ѓаволите е Џим Кери“.

„Осаменоста е опасна. Тоа предизвикува зависност. Станува навика кога ќе сфатите колку е мирно и убаво. Кога ќе сфатите дека не сакате да се дружите со други луѓе бидејќи тие ви ја одземаат енергијата.“

„Секој треба да стане богат и славен, да прави сè за што некогаш сонувал – за да видат дека тоа не е решението“.

„Можете да правите прекрасни работи на овој свет, и додека поминувате низ таа врата денес, ќе имате само два избора – љубов или страв. Изберете љубов и никогаш не дозволувајте стравот да го промени вашето возбудено срце.


„Подобро е да ризикувате да умрете од глад отколку да се откажете, бидејќи ако се откажете од соништата, што останува?