[ВИДЕО] Американка го проба „балканскиот појадок“ и ги разбесни Балканците: „Ова нè навредува“

Точка

04/01/2025

17:06

4.814

Големина на фонт

а а а

Американка, која има профил на Тикток наречен „McKenna is eating“ со повеќе од половина милион следбеници, објави видео на кое се гледа како пробува „балкански појадок“.

Четири милиони прегледи

Таа пред себе стави јогурт, пиперка, краставица, домат, суџук, кромид, јајце, фета сирење, леб, кисели краставички и печен колбас, а при тоа кажа дека никогаш порано не пиела јогурт.

Видеото има речиси 4 милиони прегледи, а бројни балканци коментираа. Она што најмногу привлече внимание е тоа што таа секоја намирница ја јадеше посебно наместо да направи сендвич.


„Сега пробај го вистинскиот балкански појадок“, „Јас сум од Балканот и не познавам некој кој појадува кисели краставички“, „Ова не е вистински балкански појадок“, „Ние вообичаено го сечкаме зеленчук и го јадеме со виљушка“, „Зошто сите Американци мислат дека ова е балкански појадок?“, „Буквално јадеш намирници, а не оброк“, „Знаете, ние вообичаено ставаме сè во чинија, како нормални луѓе, и јадеме со виљушка.“, „Нашиот појадок е леб и паштета“.

„Дали таа ја гризеше пиперката? Знаете ли дека ние користиме ножеви за да го исечкаме зеленчукот?“, „Јас сум од Бугарија и никогаш во животот не сум јадел такво нешто“, „Како балканец ова ме навредува“, „Единственото добро нешто во ова е јогуртот“, беа само дел од повеќе од 3000 коментари.

Зошто луѓето пробуваат „балкански појадок“ на Тикток?

Во септември минатата година на Тикток се појави трендот „Balkan breakfast“ во кој тиктокерите, претежно од Америка, ги објавуваат своите верзии на балкански појадок.


Наместо типични балкански јадења како бурек или пита со сирење, Американците ги споделуваат своите верзии на она што мислат дека е балкански појадок, додавајќи намирници како ајвар или кајмак, а попатно прават незамисливи работи за Балканците, како мацнување краставици во ајвар.

Хаштаговите како #balkanbreakfast и #balkanfood го преплавија Тикток и предизвикаа бурни реакции кај тиктокерите од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и други делови од Балканот.

Вака се прави тоа на Балканот


Тиктокерите во видеата прикажуваат богати појадоци со балкански специјалитети како што се пршута, сирење, јајца, домашен леб, ајвар, кајмак или пити, со кои сакаат да ја покажат автентичноста и различноста на традиционалната балканска кујна.