[ФОТО/ВИДЕО] Новиот најбрз воз: Како изгледа внатрешноста на „куршумот“ кој ќе вози со 450 km/h?

Точка

04/01/2025

15:37

2.996

Големина на фонт

а а а

Кина во последната деценија стана неприкосновен светски лидер во развојот на железницата, откако изгради илјадници километри нови пруги кои стигнуваат до речиси секој агол на земјата, а наскоро ќе пристигне и новиот најбрз воз.

Прототипот на брз воз наречен CR450, претставен во Пекинг на 29 декември, достигна брзина од 450 километри на час, што значи дека светот наскоро би можел да добие нов најбрз воз. Кога ќе тргне по шините за комерцијална употреба, новиот воз ќе го надмине актуелниот кинески модел CR400, кој дебитираше во 2017 година и се движи со брзина од 350 километри на час, пишува „Си-ен-ен“.

Најновиот прототип CR450 е потпишан од „CRRC Changchun Railway Vehicles“ и „CRRC Sifang“, кои ја фалат неговата брзина, но и енергетската ефикасност, контролата на бучавата и перформансите на сопирањето. Прототипот претрпе повеќе од 2.000 тестови за да ги исполни ригорозните барања за комерцијално работење, но потребни се дополнителни тестови и подобрувања за да се исполнат строгите стандарди.


Железничката мрежа на Кина е долга повеќе од 160.000 километри, вклучувајќи повеќе од 46.000 километри брзи железнички линии.


Брзите возови се еколошки и ефикасна алтернатива за воздушниот транспорт во Кина, поврзувајќи ги големите градови со руралните области. Од 1980-тите, стотици милијарди долари се инвестирани во нови брзи железници со голем капацитет низ Европа и Азија, пионерски од јапонската Шинкансен и француската „Train a Grand Vitesse“ (TGV).