Држави кои се најстари во светот

Точка

31/12/2024

15:01

13.561

Големина на фонт

а а а

Државите не постојат отсекогаш, тие се создадени со тек на време. Прашањето кои се најстарите држави звучи едноставно, но одговорот не е толку едноставен.

Од географска гледна точка, Египет е најстарата земја во светот. Ги има најдолгите постоечки граници, кои во минатото незначително се променија. Копненото подрачје на Египет отсекогаш се засновало на течението на реката Нил, пишува магазинот „Feniks Magazine“.


Најстарите земји според критериумот цивилизациски развој

Античката цивилизација на Египќаните била создадена четири милениуми пред раѓањето на Христос. Меѓутоа, бидејќи во Египет во 2013 година имаше воен удар, оттогаш некои луѓе повеќе не го сметаат Египет за најстара, туку за една од најмладите земји во светот. Се разбира, тоа не е точно, но за националните држави датумот на усвојување на уставот на земјата исто така се смета и за датумот на „раѓање на државата“, пишува „T-online“.


Доколку пак се погледне цивилното население и неговиот развој, Египет е исто така една од најстарите земји во светот. Историскиот развој започнал уште 3.100 години пред Христос, што ги прави Египќаните едни од најстарите народи во светот.

Сепак, Кина е малку постара, бидејќи развојот на Кина датира од 21 век пр. н. е. меѓутоа, има малку докази за ова, што дава повод за шпекулации.

Најстарата држава според уставот

Доколку датумот на донесување на уставот се смета за основа за утврдување на староста на државата, тогаш според овој критериум Сан Марино е најстарата држава во светот. Сан Марино е основан во 301 година, а неговиот устав е напишан во 1600 година. Сан Марино не е официјален дел од ЕУ, но е окружен со Италија и го користи италијанскиот како национален јазик, а еврото е официјална валута.


Не само што според овој критериум Сан Марино се смета за најстара земја во светот, туку е и петта најмала меѓународно призната земја. Но, ова мала земја продолжува да се прославува, не само со фудбалските успеси, а таму важи старото мото „мали, но моќни“ и тоа мото добива сосема ново значење.

Топ 5 најстари земји според датумот на усвојување на уставот

Според критериумот усвојување на уставот, Сан Марино е апсолутен лидер на најстарите земји во светот.

Според овој критериум, Соединетите Американски Држави (САД) се втората најстара земја која постои од 1787 година.


Следниве најстари земји според усвојувањето на уставот се: Велика Британија со устав од 1801 година, Финска со устав од 1809 година и Норвешка со устав од 1814 година.

Од геолошка гледна точка, најстарата земја во светот е Австралија, чија копнена маса постои милијарди години и оттогаш речиси и да не се променила.