"Honda" се познати по своите издржливи мотори, но се чини дека и остатокот од возилото е изработен исклучително цврсто.
Судејќи по фотографијата, "Honda Ridgeline" заслужено е добро рангирана на американскиот пазар на пикапи, каде со децении доминираат американските класици предводени од серијата "F" на "Ford". Откако се уверивме во веродостојноста на моторите на "Toyota" во пикапите, најновиот случај покажува дека "Honda" може да се справи со огромен товар.
Фотографијата е направена на крајот на декември во Калифорнија откако локалната патрола го запрела пикапот "Honda" од очигледни причини. За време на празничната сезона често можете да бидете сведоци на, најблаго речено, необичен транспорт на елка, но овде возачот во "Honda" веројатно го купил целиот божиќен пазар. Или можеби се работи за Гринч кој решил набрзина да ги собере сите украси од маалото.
Can you guess the reason for the stop? 🤔
This vehicle was observed traveling southbound on SR-99 within central...
Posted by California Highway Patrol on Wednesday 18 December 2024
Властите не објавија никакви информации зошто возачот вака го натоварил својот "Ridgeline". Може да се претпостави дека имале предбожиќна дружба или забава и се упатиле дома. Дел од елка, мала кукла Дедо Мраз, златна ѕвезда и разни други украси се чини дека се вклучени во багажот. Според полицијата, тие ја запреле Хондата затоа што „остатоци постојано летале на патот“.
Затоа полицијата советува секогаш да го обезбедувате товарот и да внимавате да не ја надминувате носивоста на возилото. Неправилно обезбедениот товар не е само опасност за вас – тоа е опасност за сите на патот. Летечкиот отпад може да ги принуди другите возачи да преземат мерки, зголемувајќи го ризикот од сериозни сообраќајни несреќи, велат од полицијата во Калифорнија.