Постоеше период во 1950-тите и 1960-тите кога лишувањето од сон беше во мода. Трендот го започнаа радио водителите кои се обидуваа да се надминуваат едни со други во екстремно опасни рекламни акробации, рекордот за останување буден неколку пати беше соборен.
Опасноста од лишување од сон
Меѓутоа, Гинисовата книга на рекорди реши да го прекине ова натпреварување, плашејќи се дека некој би можел да има сериозни проблеми поради недостаток на сон. Тогаш рекордот му припадна на професионалниот каскадер, Роберт Мекдоналд, кој во 1986 година поминал 18 денови, 21 час и 40 минути без спиење.
„Иако повеќе не го следиме рекордот поради опасностите поврзани со лишувањето од сон, можеме да кажеме дека не познаваме некој кој го соборил неговиот рекорд“, објаснуваат од Гинисовата книга.
Тие исто така тврдат дека Мекдоналдс немал долгорочни последици по бессонениот маратон. Доколку тоа е вистината, тој може да се смета за вистински среќник бидејќи недостатокот на сон е поврзан со голем број негативни ефекти врз здравјето.
Според „Johns Hopkins Medicine“, сериозниот недостаток на сон ја зголемува шансата за развој на рак на дебелото црево, дијабетес и срцевите заболувања. Поминувањето премногу време буден исто така може да го остари мозокот за три до пет години и е поврзано со 33 отсто зголемен ризик од деменција.
Неодамнешните истражувања на глувци ја потврдија оваа загриженост со тоа што открија дека недостатокот на сон значително го намалува снабдувањето на мозокот со заштитен протеин наречен плејотропин (PTN). Како што се намалуваат нивоата на PTN, невроните во хипокампусот почнуваат да умираат, што доведува до когнитивно оштетување и потенцијално предизвикувајќи невролошки заболувања како што е Алцхајмерова болест.
Претходниот рекордер Ренди Гарднер, кој поминал 11 дена без спиење во 1964 година, рече дека тоа влијаело врз неговата краткорочна меморија, а исто така имал проблеми и со халуцинации кои за среќа исчезнале.
И покрај апсурдните, но импресивни достигнувања на Мекдоналд и Гарднер, научниците сега мислат дека сите поранешни рекордери веројатно доживеале „микросон“ за време на нивните обиди да останат будни, при што всушност заспале без да бидат свесни.