На „YouTube“ се појави видео на кое се гледа средба со огромна ајкула. Отпрвин, навистина не е јасно што се случува на видеото, бидејќи песокот се крева нагоре и формира прашкасти облаци над морското дно.
А потоа, додека се движи нешто како голема змија, главата на огромна ајкула станува видлива и поминува покрај прозорецот на подморницата.
Од гледачите може да се слушне како коментираат: „Ова е чудовиште“ поради големината на ајкулата. Исто така, ајкулата покажува интерес за нивниот брод, додека набљудувачите се шегуваат дека „ќе го изеде топот“ и дека е „поголема отколку што е долга подморницата“.
Во описот на видеото се објаснува дека е постигнат историски успех во соработка со Институтот Кејп Елеутера, бидејќи успеале да стават уред за сателитско следење на ајкулата.
„Нашата цел беше кравата ајкула на длабоко море (Hexanchus griseus)“. Овој древен вид претходи на повеќето диносауруси и е доминантен предатор на екосистемите во длабоко море“, се вели во описот.
Овој вид ајкула може да достигне должина до 6 метри со просечна тежина од 500 килограми.
Сепак, дури и поголемите примероци можат да тежат и до 1.000 килограми.
„Bluntnose sixgill“ спаѓа во видот на ајкула од родот „Hexanchus“, која вклучува и два други вида: „bigeye sixgill“ (Hexanchus nakamurai) и атлантска „sixgill“ ајлкула (Hexanchus vitulus). Анализите на митохондријалните гени „COI“ и „ND2“ покажуваат значајни разлики помеѓу овие три вида на „sixgill“ ајкули.