[ФОТО] „Љубов моја“: Милан Калиниќ покажа со кого ужива по разводот, еве каде го поминува времето со неа

Точка

28/11/2024

19:33

845

Големина на фонт

а а а

Српскиот актер Милан Калиниќ изминатиот период беше доста актуелен во медиумите поради разводот со сопругата Сандра, со која беше во брак 20 години. И додека во јавноста се шпекулираше која е причината за нивната разделба, поранешните сопружници не се огласија на таа тема, но во една прилика Милан потврди дека не се работи неверство.

Иако поретко се огласуваат на социјалните мрежи, додека да „слегне прашината“, на изненадување на следбениците, Милан сподели емотивен момент на Инстаграм со својата ќерка Теа, за која многумина велат дека е копија на нејзината мајка.

„Мојата блесава љубов порасна“, напиша тој во објавата.


Актерот покажа како сака да го поминува времето со својата ќерка, која изгледа неверојатно слично на поранешната сопруга на Калиниќ.

Потсетуваме дека, Милан и Сандра одлучија да стават крај на нивниот брак на почетокот на оваа година. Јавноста веќе се сомневаше дека нешто не е во ред со оглед на тоа што тие повеќе не се појавуваа заедно на јавни настани.

Поранешните сопружници го прекинаа бракот, но за доброто на децата одлучија да останат во добри односи иако секој од нив тргна по својот пат.

Калиниќ го напуштил својот дом во Вождовац и периодов престојува во изнајмен стан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг