[ВИДЕО] Песната на Црна Гора за претстојниот Евросонг предизвика лавина реакции: „Текстот го пишувал средношколец?“

Точка

28/11/2024

14:16

1.792

Големина на фонт

а а а

Црна Гора синоќа го избра својот претставник за Евросонг 2025 година.

На интерното натпреварување „Монтесонг“ беше избрана групата „NeonoeN“ со песната „Clickbait“.

„NeonoeN“ е алтернативен инди-рок бенд од Подгорица, составен од пејачот Марко Вукчевиќ, гитаристот Илија Пејовиќ, басистот Филип Вулановиќ и тапанарот Милан Вујовиќ. На сцената се присутни од 2012 година, кога бендот го основаа Марко и Илија.

Обожавателите на Евросонгот ѝ даваа најголеми шанси за победа на пејачката Нина Жижиќ и нејзината песна „Welcome“.

Но, по прогласувањето на „NeonoeN“ за победник, на социјалната мрежа „Х“ се појавија бројни коментари. Имено многумина не беа воодушевени од песната која следната година ќе ја претставува Црна Гора во Базел.

„Потенцијал за последно место во полуфиналето“

„Кој го напиша текстот за оваа песна? Средношколец?“, „Најлош можен избор“, „Clickbait“ има потенцијал за 0 поени и последно место во полуфиналето“, „Што не е во ред со вас?“, „Песната е хаос“, „Црна Гора навистина имаше интересни песни, а се решија да испратат песна која нема да се истакне (во позитивна смисла) штом бидат претставени останатите песни“, беа само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи кои не беа задоволни од изборот.

Меѓутоа, сепак имаше и такви на кои им се допадна „Clickbait“: „Интересен избор“, „Црна Гора може да се гордее со постигнатото. Навистина го очекував најлошото, но поминаа многу добро“, беа дел од коментарите на задоволните гледачи.

Настапија 16 изведувачи

Потсетуваме на натпреварот „Монтесонг“ настапија 16 изведувачи.


Покрај „NeonoeN“ и Нина Жижиќ, настапија и Анастасија Копролчец, Тина Џанкиќ, Немања Петровиќ, Бенд 9, Тамара Живковиќ, Лука Радовиќ, Ѓурѓа, Кејт, Исак Шабановиќ, Актери бенд, Долче Хера, Барјак, Верица Чуљковиќ и Милена Вучиќ.

Инаку, Црна Гора по двегодишна пауза се враќа на Евросонгот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг