[ВИДЕО] Ричард Гир се пошегува: „Мојата сопруга не знаеше кој сум, мислеше дека јас сум Клуни“

Точка

28/11/2024

15:39

675

Големина на фонт

а а а

Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) засекогаш ќе ја паметат нивната прва средба, и тоа поради урнебесна причина. Познатиот актер во интервју со шпанскиот „Elle“ се пошегува дека неговата сопруга „немала поим“ кој е тој кога се запознале.

„Таа мислеше дека сум Џорџ Клуни“

„Ништо. Таа не гледаше филмови, што беше прекрасно. Бев многу среќен поради тоа“, изјави Гир, меѓутоа сопругата го прекина во тој момент велејќи: „Не, чекај малку Ричард, знаев кој си ти“.



Меѓутоа Алехандра исто така призна дека не ги гледала сите негови филмови, а Гир потоа се пошегува велејќи: „Мислеше дека сум Џорџ Клуни“.

Но таа сепак кажа дека има изгледано неколку негови филмови, како и дека поради филмот „Time Out of Mind“ се вљубила во него.

Во брак се шест години

Потсетуваме, парот се венча на тајна церемонија во април 2018 година, а заедно ги добија 5-годишниот син Александар и 4-годишниот син Џејмс.


Но Гир е исто така и очув на 11-годишниот син на Силва од претходниот брак, и татко на 24-годишниот Хомер, кој го имаше со поранешната жена Кери Лоуел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг