„Твоите мајка и татко веќе ме закопаа“: Ведрана Рудана брутално искрена за средбата со внукот па порачала – „Јас сакам да живеам“

Точка

28/11/2024

21:44

805

Големина на фонт

а а а

Хрватската писателка Ведрана Рудан (74) ја шокираше јавноста кога на почетокот на мај објави дека ѝ е дијагностициран рак на жолчните канали. Таа постојано објавува текстови на нејзиниот блог во кои раскажува меѓу другото и за борбата со ракот.

Имено, Ведрана отворено зборува за борбата со ракот и за сите психолошки и физички промени низ кои поминува периодов. Таа без двоумење пишува за односот со семејството, партнерот, а нејзините зборови никого не оставаат рамнодушен.

Во последната колумна што ја објави таа раскажува за средбата со нејзиниот внук Крешо, кој по подолг период дошол да ја посети.


„Како се мама и тато?, прашала Ведрана.

„Тато рече дека имаш рак и дека ќе умреш и дека денешниот погреб чини како на Свети Петар…“, одговорил внукот.

„ИКајгана, Крешо, кајгана…Кога нешто чини многу, се вели дека чини како на Свети Петар кајганата“, му вратила Ведрана.

„Кајгана, јајца… Кога ќе умреш?“, продолжил Крешо.

„Никогаш не се знае, гледаш дека сè уште сум жива…Крешо мој, татко ти и мајка ти веќе ме закопаа“, му рекла Ведрана на внукот.

„Зошто плачеш Нона?“, прашал внукот.

„Сакам да живеам“, кратко одговорила писателката.

„Мама рече дека имаш доста години, а тато рече дека ќе мора да купат еколошка урна за да не се загадува околината и дека е подобро Господ да те земе отколку да завршиш во старечки дом … Зошто плачеш, Нона?“

„Не морам да одам во дом, имам своја куќа …“

„Тато рече дека ако одиш во дом, твоите три куќи нема да ни бидат доволни за да го платиме домот и дека таму Украинките и Непалките ќе те малтретираат иако сме платиле 2.500 евра месечно и дека смртта е подобра отколку дом во Хрватска, како и дека нема да бидеш сама во соба, бидејќи тоа чини 3.500 евра.


„Кажете им на мама и тато дека ме лекуваат најдобрите лекари и дека сум платил речиси дваесет илјади евра за операција и дека ќе платам уште повеќе и дека никогаш не се знае кој ќе биде прв, Загреб има одлични лекари.“

Напишала Ведран меѓу другото во својата колумна која никого на Балканот не остави рамнодушен.

Откако ја добила дијагнозата, Ведрана на социјалните мрежи напишала каков вид на рак има и како се справила со него:

„Мојот е рак е редок, се вика рак на жолчните канали, ми се чини. Не го прочитав ниту отпусното писмо, ниту типот, ниту интернетските прогнози. Меѓутоа, налетав некаде дека од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци да го изневериш сопругот, да ги отфрлаш децата или да го испратиш љубовникот по ѓаволите. Всушност, државата има договор со таа установа според која одреден број Хрватки и Хрвати влегуваат во „квотата“. Останатите или умираат од рак или пријателите им помагаат.


Секако дека привилегираните граѓани на оваа земја се во „квотата“ и пред да заболат од рак, но тоа го знаеме. Јас дури и го дознав името на ликот што ме прекрсти, иако тој податок не го побарав. На тој начин, чест ми е што не сум дел од групата крадци на кои ниту ракот не им може ништо. Тука никако не мислам на многуте болни луѓе…



Спонзорирани линкови

Маркетинг