Откако неодамна беше објавено дека серијата „Еуфорија“ ќе добие трета сезона, една од ѕвездите на серијата, Барбара Фереира, се најде во центарот на вниманието поради нејзината физичка трансформација.
Иако Фереира претходно најави дека ќе ја напушти „Еуфорија“, таа успеа да го привлече вниманието на обожавателите на серијата поради нејзината физичка трансформација која ја нарекуваат неверојатна.
Имено, таа неодамна сподели фотографии на кои позира пред огледало, истакнувајќи го својот нов фит изглед.
На фотографиите таа се појавува во обична црна маица, а на многумина актерката им изгледаше непрепознатливо во споредба со изданието од серијата по кое ја паметат. Тие коментираа дека нејзината трансформација изгледа неверојатно и нереално.
Претходно, Барбара Фереира беше застапничка на движењето „body positivity“ и зборуваше против модната индустрија која ги означуваше жените како „plus size“ доколку не се вклопуваат во нивните рестриктивни големини.
Кога станува збор за нејзиното напуштање на серијата „Еуфорија“, како причина за нејзиното заминување од сетот, таа го потенцираше фактот дека ѝ се чини оти нејзиниот лик не може да напредува.
„Не знам дали тоа ќе биде оправдано но мислам дека и двете страни го знаеја тоа. Навистина не сакав да бидам најдобрата дебела пријателка. Не сакам да го глумам тоа, а мислам дека ниту тие не го сакаа тоа“, објасни Фереира.