[ФОТО] Ќерката на Анџелина Џоли, Шајло фотографирана на улиците на Лос Анџелес: Неодоливо потсетува на мајка ѝ

Точка

28/11/2024

17:20

743

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло, неодамна го привлече вниманието на улиците на Лос Анџелес.

Фотографите ја фотографираа со нејзината пријателка Кеони, од студиото за танц каде што одат заедно, судејќи по фотографиите, девојките биле добро расположени. Тие се смееја и се шегуваа додека минуваа по улицата. Шајло беше облечена во лежерно издание – носеше широка црна тренирка, црни патики и ранец, а со Кеони е многу блиска често времето го поминуваат заедно.



Нивните фотографии набргу се проширија на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека Шајло неодоливо ги потсетува на нејзината мајка Анџелина, која при неодамнешното гостување во шоуто „Good Morning America“ изјави дека нејзините деца кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит живеат надвор од очите на јавноста.

„Ниту едно од моите деца не сака да биде пред камерите во моментов. Тие не се родија со приватност, зарем не? Се надевам дека ќе можат да ја имаат кога ќе пораснат“, изјави актерката.

Шајло се откажа од презимето на нејзиниот татко

Потсетуваме, Шајло официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко во средината на август, и сега нејзиното име е само Шајло Џоли.

Во мај 18-годишната Шајло поднесе барање за законски да се откаже од презимето на нејзиниот славен татко, откако тоа неофицијално го сториле нејзините сестри Захара и Вивиен.


Но, поради грешка на судот, постапката траеше подолго, а рочиштето кое требаше да се одржи во јули беше откажано. Потоа на 19 август се одржа новото рочиште, и тогаш Шајло официјално го смени презимето во Џоли.

Шајло пред тоа објави во Њујорк Тајмс дека се откажува од презимето на нејзиниот татко. Бидејќи според законот во Калифорнија, лицето кое го менува личното име мора да го објави своето барање во локалниот дневен весник. Истовремено таа е првото дете на Бред Пит и Анџелина Џоли која судски се откажа од врската со таткото.

Пит со години нема контакт со децата

Бред Пит веќе со години нема никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на Пит со Медокс во приватниот авион, при што Медокс сакал да ја одбрани својата мајка.


Анџелина Џоли ја започна постапката за развод од Бред Пит во 2016 година. Како причина за разводот ги навела непомирливите разлики и веднаш побарала целосно старателство над децата. Тогаш нејзиниот адвокат Роберт Офер во изјава рече дека „одлуката на актерката е донесена поради благосостојбата на семејството“. Бред тогаш изјави дека разводот го растажил, но бараше да ја заштити приватноста на своите деца.


Разводот на крајот беше финализиран во 2019 година, а се покажа дека парот цело време водел интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, при што тој би имал само право на посета.

Се вели дека двојката постигнала спогодба во 2018 година, кога адвокатката на Анџелина, Саманта Бли Дежан, за Ројтерс изјави дека „договорот за старателство бил постигнат пред неколку недели и потпишан од двете страни и од судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес со различни пресврти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг