По една година хрватската поп сензација „Свемирко“ повторно во Скопје: Бидете подготвени за енергично играње на подиумот во „Станица 26“

Точка

12/11/2024

18:14

680

Големина на фонт

а а а

Хрватската поп атракција „Свемирко“ повторно ќе ја забавува македонската публика овој викенд, на 16 ноември, сабота. Концертот ќе се одржи во „Станица 26“, со почеток од 20:30 часот Организиран е во соработка со „КомПОТ“.

Непосредно пред 26. Издание на „Таксират“, „Паворд продукција“ ни ги носи овие енергични момци како феноменално загревање за она што нè очекува.

Минатата година гостуваа во „Младинскиот Културен Центар“ и оние кои присуствуваа несомнено сè уште ја имаат во прекрасно сеќавање таа вечер.

Публиката во еден глас ги пееше „Случајна цеста“, „Носи ме на души“, „Дизајнерица Лаура“, „Жена од ванилије“, „Мирис града“ и многу други.

Македонската публика може да очекува ништо помалку од одличен перформанс, со оглед на тоа што овој бенд никогаш нема монотони и еднолични настапи. Постојано воведуваат нешто ново и фановите одново и одново сакаат да ги следат во живо.

Дополнително, нивниот звук неверојатно потсетува на ерата од 80-тите, слободно можеме да кажеме со сегменти на „њу вејв“ и „синт поп“ што нè навраќа на едни минати времиња кога постоела Југославија и ја будат носталгијата во нас.

Но, некаде ги нарекуваат емо-мачо бенд, други авангарден, додека трети пак – „сосема нормален бенд“.

„Свемирко е поп бенд. Иако нивната музика можеби не е поп во класичната смисла на таа дефиниција, тие секако се оние кои ги поставуваат трендовите и ги поместуваат, па дури и ги отстрануваат границите.

Клучната личност на Свемирко, главниот креативен ум зад бендот, Марко Вуковиќ, продолжува да го исполнува ветеното и неочекуваното.


Три објавени албуми, во обратен редослед: „Скаламерија“ од 2020 година, „Тунгузија“ од 2018 година и „Ванилија“ од 2017 година, ја сочинуваат трилогијата „-ија“ на Свемирко од епски размери, а самиот Вуковиќ продолжува да компонира и пишува нови песни и материјали од сосема нов карактер.

Дел од ова е откриено во актуелниот дует „Носи ме на души“ што тој го напиша заедно со Пеки Пеле.

Спротивно на „несмасно изработениот предмет, монтажа или структура“ што ги користи за да го опише својот претходен албум, Вуковиќ несомнено вешто создава рафинирана музика која „удира“ токму онаму каде што треба.

Како бенд и изведувач, Свемирко внесува новини во нивниот настап во живо, нешто што публиката досега не е навикната да го слуша и гледа, а единствена сигурност е дека никого нема да остави рамнодушен.

Движењето е вткаено во сржта на музиката на Свемирко, а мелодиите и ритамот се нишки што ќе ве заробат и ќе ве поттикнат да танцувате, сакале или не“, велат од „Пасворд Продукција“.


Првите 100 билети по цена од 500 денари беа достапни преку продажната мрежа на „МК Тикетс“, а остатокот од билетите може да се набават на овој линк.

Не пропуштајте да си ја набавите својата карта и да сведочиме на уште една енергична, забавна и исполнета со музика, скопска саботна вечер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг