Првата дама на САД, Меланија Трамп, се појавила во еден филм, според наводите на ИМДБ. Ова се случило во филмот „Зулендер“ (Zoolender) од 2001 година.
Меланија се појавува во сцена која трае 4 секунди. Таа била во друштво на својот сегашен сопруг, актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Меланија не изговорила ниту еден збор. Таа само гледала во Доналд, кој ги изговорил следните зборови во филмот: „Без Дерек Зуландер, машкото манекенство не би било тоа што е денес“.
Меланија тогаш имала 31 година, дали ќе ја препознаете?
Како што е познато, „Зулендер“ е американски комедија од 2001 година и го следи подемот и падот на моделот Дерек Зуландер, кој го игра Бен Стилер. Ова достигнување беше проследено со продолжение во 2016 година.
Покрај Бен Стилер, во филмот „Зулендер“ од 2001 година играат Овен Вилсон, Вил Ферел, Кристина Тејлор, Мила Јовович, Џери Стилер и Џон Војт.