[ВИДЕО] Мег Рајан и Били Кристал повторно ја снимаат познатата сцена од филмот „When Harry Met Sally“

Точка

31/01/2025

19:52

911

Големина на фонт

а а а

Во 1989 година, познатите актери Мег Рајан и Били Кристал ги играа главните улоги во филмот „Кога Хари ја запозна Сали“, кој сега се смета за култен филм.

Сега, актерското дуо ја рекреираа најпознатата сцена од овој филм. Тоа е моментот кога Хари и Сали се во ресторан, а таа глуми дека доживува оргазам, поради што сите гледаат во нив двајца.

Тие повторно ја снимија познатата сцена, но овој пат за реклама што ќе се прикажува за време на Супербоул.

„Никогаш не сум се вратила овде, никогаш. Изгледа сосема исто“, изјавила Мег за „Пипл“, коментирајќи го ресторанот во кој се нашле по повеќе од три децении.

“Беше 35-годишнината од филмот и ова е првпат некој да ни понуди вакво нешто. Тоа беше навистина забавна идеја и пристапот беше добар“, изјавил Били Кристал.