Еуфоријата околу овогодишниот Евросонг веќе почна. Во средата, илјадници билети за мајските настапи во живо во Базел, се распродадоа за само седум минути. Љубителите на ова музичко натпреварување се подготвуваат за уште еден спектакл.
Во изминатите годините, многу изведувачи ја воодушевија и заинтригираа публиката со своите изведби. Па така во 2014 година, Кончита Вурст ја шокираше Европа кога победи со песната „Rise Like a Phoenix“.
Зад псевдонимот Кончита Вурст стои 36-годишниот Австриец, Томас Нојвирт. Томас користи машки заменки, а кога за настапите ќе се трансформира во Кончита,тој сака да му се обраќаат со женски заменки.
Често го менува имиџот
Во изминатите 11 години Томас повеќе пати го смени својот изглед и имиџ, а во последно време носи пократката коса и долга брада.
Меѓутоа Кончита Вурст сè уште има свои концерти и останува една од најголемите евровизиски ѕвезди во историјата.
Исто така, пред седум години Томас објави дека е ХИВ позитивен, а оваа информација ѝ ја откри на јавноста бидејќи бил уценуван од поранешното момче.
„Се надевам дека ќе ги охрабрам и другите и дека ова ќе биде уште еден чекор против стигматизацијата на луѓето кои се заразиле со ХИВ поради сопственото однесување или однесувањето на другите“, напиша тогаш Нојвирт во неговата објава на Инстаграм.