Се мажи за љубовникот со кој го изневери еден од најголемите холивудски фраери: По разводот подготвена е за брак со неговиот поранешен пријател

Точка

30/01/2025

22:57

3.768

Големина на фонт

а а а

Само што се наврши една година откако Кристин Баумгартнер (50) поднесе барање за развод од Кевин Костнер, а таа веќе е подготвена по втор пат да застане пред олтар. Овој пат нејзин избраник е финансиерот Џош Конор (49) со кого е во врска веќе извесно време, од јануари. Меѓутоа, постојат индиции дека тие двајца имале афера додека Кристин сè уште била во брак со познатиот актер.

За време на постапката за развод во септември минатата година, Кевин Костнер тврдел дека искрите меѓу Кристин и Џош се појавиле многу пред тие формално да се разделат, како што пренесува „Дејли мејл“.

Пријателите на Кристин и нејзиниот иден сопруг тврдат дека нивната врска станувала сè посериозна откако за прв пат биле фотографирани заедно во јавноста. Истакнале и дека заљубениот Џош им ги претставил плановите да се брак со убава дизајнерка.


„Џош знае дека може да ѝ го даде она што Кевин не може, иако е моќен извршен директор и има тешка кариера. Тој исто така знае колку нејзините деца се важни за неа, како и неговите за него. Обидот да зближи две семејства не е лесен, но таа е вредна за тоа“, изјавил извор за „Daily Mail“.

Се чини дека тие веќе ги направиле првите чекори кон таа цел, бидејќи парот бил забележан на вечера во Монтесито со три од децата на Кристин и најмладата ќерка на Џош. Меѓутоа, не биле присутни неговата постара ќерка Лили (20) и синот Џон (18).

„Кристин рече дека Џош е човекот со кој сака да го помине остатокот од својот живот. Не е како онаа Криси која дома се жали што не ужива во гламурот на Кан со нејзиниот поранешен сопруг, таа повеќе би сакала да оди боса на плажа со Џош. Но, исто така рече дека е среќна за Кевин. Филмот „Horizon“ толку долго му беше сè и драго ѝ е што неговите деца беа таму да го поддржат“, раскажал изворот.


Да потсетиме, прославениот холивудски актер пред неколку дена прошета на црвениот тепих на Канскиот фестивал, за да го претстави својот нов филм „Horizon“ во придружба на пет од неговите седум деца. Извори блиски до поранешните сопружници веруваат дека токму работата на Костнер на овој проект била делумно виновна за крајот на бракот, бидејќи Кристин се пожалила дека е многу осамена и дека актерот постојано работи на проектот.

„Кристин сподели дека опсесијата на Кевин со новиот филм имала предност пред нивниот брак и дека придонела за нивниот развод. Сè се вртело околу тоа и секој разговор се враќал назад до неговиот филм. Таа рече дека секогаш ги поддржувала неговите соништа, но тоа била еднонасочна улица. Тоа беше осамен брак и тој тој бил свесен дека таа не е среќна, но истовремено не бил подготвен да направи ништо околу тоа“, објаснил еден од познаниците на оваа дизајнерка.

Актерот поголемиот дел од минатата година го помина на снимањето на „Horizon“ во Јута и Аризона, а со години пред тоа живеел на релација помеѓу Калифорнија, каде е домот на неговото семејство, и Монтана, каде ја снимал серијата „Yellowstone“.


Без оглед на сите расправии во бракот, тој ил шокиран кога Кристин во мај минатата година поднела барање за развод. Нивната разделба не поминала без проблеми – тоа било многу грд и бурен крај со тешки искушенија. Имено, таа се обидувала да го поништи предбрачниот договор и барала 128.000 долари месечно, но на крајот била принудена да се задоволи со 60.000 долари.

Парот се расправал и за мега-замокот на Костнер „Carpinteria“, а Кристин одбила да се исели некое време, пред неговите адвокати конечно да ја принудат да замине.

Кевин за време на судењето тврдел дека Кристин и Конор се забавуваат, но таа негирала. Парот се развел во октомври, избегнувајќи долго судење, а таа изјавила дека е посреќна со Конор отколку со Костнер.


„Таа рече дека никогаш не била посреќна, особено сега кога ја обелоденија својата врска во јавноста. Нејзините пријатели рекоа дека парот ќе се венча следната година“, изјавил инсајдер за „Daily Mail“.