Забрането е носењето на сладолед во задниот џеб на пантолоните: Ова се најневообичаените американски закони

Точка

07/11/2024

21:24

4.569

Големина на фонт

а а а

Американскиот закон за забрана на носење сладолед во задниот џеб изгледа бизарно, но само доколку не ја знаете причината зошто бил донесен.

1. Забрането е да носите сладолед во задниот џеб на пантолоните додека се шетате по улиците во американските сојузни држави Алабама, Џорџија и Кентаки.


Овој невообичаен закон има повеќе смисла доколку се знае фактот дека тамошните жители некогаш во минатото „незабележливо“ краделе коњи со помош на сладоледи. Имено, тие сладоледот го ставале во задниот џеб, а коњот сакајќи да изеде сладолед, доброволно го следел лицето со сладолед во џебот сè до неговиот дом. Притоа „крадецот“ не можел да биде обвинет за кражба бидејќи не направил ништо лошо.

2. Во Алјаска е забрането да се даваат алкохолни пијалаци на лосовите. Во Феирбенкс наводно постоела гостилница чијшто сопственик му давал алкохолни пијалаци на локалниот лос за тој да ги забавува гостите.


Се верува дека оваа активност била забранета откако лосот „Buzzwinkle“ бил фатен како се шета по улиците на Енкориџ во 2007 година, откако упаднал во пивница каде ја вкусил празничната понуда на пијалаци, а потоа во пијана состојба „демолирал“ половина град.

3. Гејнсвил во американската држава Џорџија често се нарекува светска престолнина на живината. Покрај тоа што произведува големи количества на пилешко, ова место е познато и по подготовката на овој вид месо.


Во 1961 година, градските власти донесоа уредба со која го прогласија панираното пилешко за деликатес која мора да се јаде исклучиво со раце, а употребата на виљушка и нож е – забранета!

Гладни сте – внесувате монети во автоматот за грицки и одбирате чипс, чоколадо или нешто слично. Но, производот не излегува од машината, а таа веќе ви ги „проголтала“ парите? Доколку ова ви се случи во Канзас, не смеете да го удирате автоматот за грицки, бидејќи тоа е забрането со закон.


Овој закон е дел од државната регулатива за кривична штета, чија цел е да се спречи оштетувањето на имотот. Удирањето или оштетувањето на автоматот за продажба може да резултира со кривична пријава бидејќи автоматите се сметаат за приватна сопственост.

Последниот невообичаен американски закон гласи: Во Луизијана забрането е некому на шега да му испратите пица.


Така што доколку во оваа сојузна држава некому му испратите пица без негова дозвола, можеби ќе треба да платите казна поради тоа.