„Ах, многу сум нервозен денеска, ќе убијам некого“! Морничави сцени во училиште во Белград: Осумгодишно момче со сечило од 20 центиметри бркало двајца ученици, протекоа шокантни детали

Точка

07/11/2024

19:07

1.336

Големина на фонт

а а а

Во вторникот, осумгодишник кој оди во основно училиште во Калуѓерица, бркал две момчиња, заканувајќи им се со сечило од 20 центиметри, поради што родителите на сите ученици донеле одлука да не ги праќаат децата на настава.

Страшен инцидент се случи во вторникот во основно училиште во Калуѓерица, каде осумгодишно момче со нож бркало двајца соученици, заканувајќи им се и обидувајќи се да ги прободе!

Еден од децата успеало да го сними овој настан додека, очигледно, разговарал со мајка си додека бегал од својот врсник кој во раката држел сечило од дваесет сантиметри.

Српски "Kurir" дошол до страшна снимка на која се гледа како момче со качулка на главата набрзина оди кон децата со нож покрај ногата.

„Што сум ти направил јас?!“, се слуша паничен глас на детето кое снима. Веднаш потоа уште повознемирено му довикува на другарот: „Бегај, има нож, бегај!“.

Според сцените кои брзо се вртат очигледно е дека момчињата трчаат, обидувајќи се да избегаат.

„Бегај, оди во твојот стан“, му вели на другарот додека во страв ја спушта слушалката со мајка си: „Мамо, ајде, чао! Тој има нож!“.


За среќа, како што пренесуваат српските медиуми, еден од родителите на учениците од училиштето случајно се нашол во училишниот двор и го запрел момчето со ножот, по што била повикана полиција.

Грозоморната случка длабоко ги вознемирила родителите кои велат дека ова момче и претходно правело тешки инциденти. Поради сè што се случувало, велат тие, донеле одлука децата да не одат на училиште до дополнително известување.

„Малиот е одличен ученик, но е нестабилен. Пред неколку дена во училиште донел скалпел кој му бил одземен на час. Никој не знае зошто го донел и како имал намера да го искористи. Пред некое време давеше дете, а се случуваше и да дојде на училиште и да каже: „Ах, многу сум нервозен денес, ќе убијам некого“, вели еден од родителите на ученик кој оди во тоа училиште, додавајќи дека вниманието на наставниците го свртеле кон девијантното однесување на ученикот, но никој не презел ништо.


Тој додава дека осумгодишното момче немало ништо против момчето кое го бркал.

„Инцидентот се случил во околу 15:00 часот. Момчето ги завршило часовите. Отишло дома и донело нож. Во училишниот двор нашло две момчиња кои ги бркал, но така ќе се однесувал ако налетал и на некое друго дете“, објаснува тој и додава дека директорката вчера одржала средба со родителите:

„Одлучено е детето да не оди на училиште неколку дена, како и да биде подложено на одредени лекарски прегледи. Сепак, тоа не е трајно решение. Како родители бараме да се преземат мерки тој повеќе да не оди во тоа училиште, како и на училиштето да му се обезбеди обезбедување. На директорката и кажавме дека ние родителите сме подготвени дури и сами да си го платиме обезбедувањето, само децата да ни бидат безбедни“, објаснува родителот.

Од Министерството за образование за "Kurir" рекле дека „постапките на училиштето се во тек согласно прописите и процедурите од областа на заштитата од насилство“.


„Родителите се информирани, тука е Тимот за заштита од насилство, а Министерството за образование ќе го следи постапувањето на училиштето и ќе преземе дополнителни мерки и активности за надминување на состојбата – наведуваат од Министерството.

Вишото јавно обвинителство Белград во соработка со Второто основно јавно обвинителство констатирало дека нема елементи на кривично дело, туку е донесена одлука за поднесување соодветна прекршочна пријава против мајката на момчето кое донело нож на училиште. За инцидентот бил информиран и Центарот за социјална работа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг