[ФОТО] „Му се јавив на Трамп и му реков“ – Камала Харис се обрати на Америка за прв пат по поразот, со емотивен говор што предизвика силна реакција

Точка

07/11/2024

12:45

3.373

Големина на фонт

а а а

Камала Харис официјално ги призна резултатите од изборите во 2024 година.

Потпретседателката и демократски кандидат на претседателските избори во САД, Камала Харис, за прв пат се обрати на американската јавност по поразот, со говор на универзитетот Харвард.

„Моето срце е полно со благодарност денес за вистината што ми ја покажавте, за љубовта кон оваа земја, поради вашите гласови. Овие резултати не се она што го сакавме, но дозволете ми да кажам - нашата светлина секогаш ќе биде посилна додека ние продолжуваме да се бориме.“


Таа се заблагодари на сопругот Даг и на семејството за поддршката, а потоа изрази и благодарност кон претседателот.

„Горда сум на кампањата што ја водевме и на тоа како ја водевме. Повеќе од 107 дена работевме на градење на заедница и коалиција, обединувајќи луѓе од сите слоеви, заедно во љубовта кон државата и во нашата борба за иднината на Америка. Треба да ги прифатиме резултатите. Му се јавив на Трамп, му честитав и го замолив неговиот тим да ја изврши транзицијата мирно,“ рече Харис.

„Ќе продолжиме да се бориме на гласачките места, во судовите и на улиците. Ќе го правиме тоа тивко, преку начинот на кој живееме, преку меѓусебната почит. Никогаш нема да се откажам од борбата, од соништата и амбициите. Никогаш нема да се откажам од борбата за правото на жените да одлучуваат самостојно, без владини ограничувања. Ќе се борам за демократијата и еднаквите права. Не значи дека секогаш ќе победуваме, но нема да се предадеме,“ им порача таа на своите приврзаници.

 „Нè чека голема борба. Не е време да се предадеме!“

Потоа, Харис им се обрати на младите и рече дека е нормално да се чувствуваат тажни и разочарани.

„Како што реков во кампањата, секој што се бори, победува. Понекогаш борбата трае подолго, но е важно никогаш да не се откажуваме од стремежот светот да го направиме подобро место. Вие имате моќ, и не слушајте кога ќе ви кажат дека нешто е невозможно само затоа што досега не е направено. Време е да се организираме, мобилизираме и здружиме за слобода, правда и иднината што ќе ја градиме заедно. Нека небото осветлено со милиони ѕвезди нè инспирира,“ рече таа.

Таа се присети на времето кога работеше како обвинител, гледајќи луѓе со тешки судбини кои наоѓале сила да се борат за себе и за правда.

„Нивната храброст нека биде наша инспирација, нивната решеност е наш водич.“


Таа истакна дека е свесна оти многумина чувствуваат дека темнината е пред нив, но им порача да бидат светлина што ќе ја растера таа темнина.

На крајот рече: „Бог да ве благослови сите.“

Порано таа официјално ги призна резултатите од изборите во 2024 година, и му се јави на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за да му честита на победата.

Нејзиниот главен советник изјави дека Харис го повикала новоизбраниот претседател Трамп за да му честита на победата на изборите одржани на 5 ноември 2024 година, и разговарала за важноста на мирниот трансфер на власта и претседателската функција за сите Американци.