Откако Доналд Трамп го освои вториот претседателски мандат на изборите, на мрежите започнаа бурни реакции.
Интернетот стана полн со шеги за него, а сега почна да се шири клип од 1988 година кога Трамп гостуваше во шоуто на Опра Винфри.
Славната водителка го праша дали некогаш ќе се кандидира за претседател, на што Трамп рече дека веројатно нема да се кандидира. Опра потоа додаде дека претходно им кажал на медиумите дека ќе победи ако се кандидира, што Трамп рече дека е можно: „Мислам дека ќе победам. Никогаш не би влегол во тоа за да загубам. Никогаш не сум влегол во ништо за да изгубам“.
„На луѓето им е доста да гледаат како Америка е се ограбува“, додаде тогаш 42-годишниот Трамп и рече дека „ќе најде начин Америка да заработи од луѓето кои со години ја искористуваат“.
Интересно е и тоа што своевремено Трамп за Си-ен-ен изјави: „Луѓето можат да веруваат што сакаат. Немам намера да се кандидирам за претседател“. Се чини дека по неколку години се предомисли, бидејќи во 2015 година најави кандидатура на претстојните избори следната година.
По неговата тогашна кандидатура, започнаа бројни реакции на американските познати личности. Актерот Том Хенкс на премиерата на A Hologram for the King во 2016 година рече: „Доналд Трамп ќе стане претседател во моментот кога на земјата ќе слетаат вонземјански бродови полни со диносауруси облечени во црвени наметки“.
Истото мислење своевремено го имаше и Барак Обама, кој рече дека „продолжува да верува дека Трамп нема да биде претседател“. Но, токму Трамп стана негов наследник, седејќи во Белата куќа за прв пат на 20 јануари 2017 година.