Путин го пофали Трамп и му честиташе: „Подготвен сум да разговарам“

Макфакс

07/11/2024

20:29

632

Големина на фонт

а а а

Претседателот Владимир Путин денеска му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и го пофали за „покажувањето храброст кога вооружен напаѓач се обиде да го убие“ и рече дека Москва е подготвена да разговара со него, пренесува Ројтерс.

„Би сакал да му честитам за неговиот избор за претседател“, изјави Путин на панелот Валдаи во црноморското одморалиште Сочи.

Трамп за време на предизборната кампања изјави дека може да донесе мир во Украина во рок од 24 часа доколку биде избран, но не појасни како точно во тој период ќе стави крај на најголемата копнена војна во Европа по Втората светска војна.


Путин денеска изјави дека „она што Трамп го кажа во кампањата за решавање на украинската криза заслужува внимание“. Тој исто така рече дека ако Трамп сака да ги продолжи контактите, Русија е подготвена да разговара.

Во исто време, Путин денеска ги осуди САД за, како што рече, „намерата да и нанесат стратешки пораз на Русија во Украина“ и рече дека „борбата за обликување на нов светски поредок“ е во тек, бидејќи „идејата на западната доминација по крајот на Студената војна се распадна“.

„Дојдовме до опасна линија“, рече Путин во Сочи, еден ден по објавувањето на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг