Трамп ѝ се закани на Европската унија: „Тие не ги купуваат нашите автомобили и земјоделски производи, ќе платат висока цена!“

Точка

07/11/2024

18:27

3.064

Големина на фонт

а а а

Планот на Трамп е да воведе царина од 60 проценти на увозот од Кина и универзална царина од десет проценти на увозот од сите други земји. Кога станува збор за увоз на автомобили од Кина, најави тарифа од сто проценти.

Минатата недела, Доналд Трамп изјави дека Европската унија ќе мора да плати „висока цена“ затоа што не купува доволно американски производи за извоз.

Некои европски економисти и банкари предупредуваат дека евентуалната победа на Доналд Трамп би можела да предизвика трговска војна, која би ја втурнала економијата на еврозоната од бавен раст во целосна рецесија.


Тие не ги купуваат нашите автомобили. Тие не ги купуваат нашите земјоделски производи. А продаваат милиони свои автомобили во Соединетите држави. Не, не, не! Тие ќе мора да платат висока цена – рече Трамп минатата недела.

Планот на Трамп е да воведе царина од 60 проценти на увозот од Кина и универзална царина од десет проценти на увозот од сите други земји. За автомобилите од Кина, најавени се тарифи од сто проценти. Економистите веруваат дека овие царини значително ќе ги зголемат трошоците и ќе влијаат на трговските синџири ширум светот.

Иако тарифите можеби нема да ја погодат Европа до крајот на 2025 година, стравот од трговска војна може да доведе економијата на еврозоната во рецесија, рече Џејмс Хој, економист од британска банка.


Можноста за ескалација на трговската војна меѓу Соединетите држави и нивните клучни трговски партнери создава неизвесност во прогнозите за глобалната трговија и производство - смета Калум Пикеринг, економист во британската инвестициска банка Пил Хант.

Американците би можеле да загубат до 78 милијарди долари годишно од потрошувачката моќ ако се воведат такви тарифи, според студија на Националната федерација за малопродажба на САД (НРФ).

Студијата наведува дека царините ќе ја зголемат цената на облеката, играчките, мебелот, домашните апарати и обувките – главно производи што се произведуваат во Кина. Потрошувачите во последниве години се сѐ повеќе свесни за потребата да ги намалат трошоците, што веќе ги погоди трговците и производителите на потрошувачки производи во САД.

Американските трговци на мало многу зависат од увезени производи и компоненти за производство за да им понудат на своите клиенти голем избор по прифатливи цени – изјави Џонатан Голд, потпретседател на НРФ за синџир на снабдување и царинска политика. Оваа година царините на кинеските производи достигнаа 25 проценти.


Ситуацијата во Европа: Германија е особено ранлива

Кога станува збор за Европа, ситуацијата е следна: еврозоната извезува стоки во САД во вредност од околу 460 милијарди евра, што претставува 16 проценти од вкупниот извоз на ЕУ. Според извори од Европската комисија, ако се воведе универзална царина од 10 проценти, извозот во САД би можел да се намали за речиси една третина.

Германија е особено ранлива. Нејзиниот најголем извоз во САД – хемикалии, машини и транспортни производи – се сѐ уште важен дел од трговијата. Анализата на германскиот економски институт (IV) проценува дека нова трговска војна би можела да ја чини Германија 180 милијарди евра во следните четири години од мандатот на Трамп.


Иако тарифите за увоз најверојатно нема да бидат толку високи како за увоз на кинески автомобили, сепак, во иднина може да се зголемат, што предизвикува стравови во Германија.

Прогнозата на холандската група економисти покажува дека ова сценарио веројатно нема да ја втурне еврозоната во рецесија, но дека енергетската криза, слична на таа по руската инвазија на Украина, би можела да ја доведе економијата на ЕУ до стагнација до 2026 година.