Ден по победата на претседателските избори, внукот на Доналд Трамп објави заедничка фотографија од семејството Трамп, на која (повторно) мистериозно отсуствува идната прва дама Меланија.
Доналд Трамп е нов, 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, па ред било да се направи заедничка победничка фотографија со целото семејство. На фотографијата може да се видат сите, или како што пишува во описот на фотографијата на профилот на внуката на Трамп, Каи - "целата екипа".
Од ќерките Тифани и Иванка, синовите Ерик и Доналд Јуниор, нивните сопруги и поранешни сопруги, како и внуци, а тука се нашло и едно лице кое не го носи презимето презимето Трамп, а тоа е Илон Маск, кој тука е заедно со синот Х.-АЕ-А12. Да, тоа му е вистинското име.
Сепак, сегашната сопруга на идниот претседател, Меланија Трамп, која отсуствуваше од сите митинзи на Доналд Трамп во текот на целата претседателска кампања, освен на оној во Медисон Сквер Гарден, како и на Конвенцијата на Републиканците, каде што одржа говор на поддршка за нејзиниот сопруг, видно недостасува на фотографијата, пренесува "Dnevnik".
The whole squad. pic.twitter.com/GXgFoTuTJ1
— kai (@kaitrumpgolfer) November 6, 2024