Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски железници транспорт во Кисела Вода.
Пожар избуванал ноќеска во магацински простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт. Информацијата на пожарот за А1он ја потврди директорот Дејан Кошутиќ.
Во моментов се гледа и црн чад како се крева од објектот, а екипи на терен се обидуваат да се справат со огнените јазици.
Причината и штетата дополнително ќе се утврдуваат. Засега нема информација за повредени.