Алжирската боксерка сепак е маж? Објавен наводниот медицински извештај

Точка

06/11/2024

19:34

1.397

Големина на фонт

а а а

Иман Келиф (25) беше главна тема на овогодишните Олимписки игри во Париз. Претставничката на Алжир го освои златото во боксерската категорија до 66 килограми, откако во финалето со едногласна судска одлука ја совлада Кинеската Лиу Јанг, меѓутоа го привлече вниманието на јавноста бидејќи беше обвинета дека е маж.


Францускиот новинар Џафар Аит Аудиа сега тврди дека има докази дека Келиф не е жена, туку маж. Порталот „Reduxx“ ја објави приказната според која Аудиа наводно успеал да добие копија од медицински извештај од јуни 2023 година, којшто заеднички го исработиле помеѓу болниците од Париз и Алжир, а со којшто било утврдено дека Келиф има тестиси.


„Reduxx“ пишува дека ендокринолозите Сомаја Федала и Жак Јанг заклучиле дека Алжирката има сексуално нарушување на 5-алфа редуктаза, кое може да се појави само кај биолошките мажи, а кое наводно го спречува нормалниот развој на половите органи кај детето. Според овој извор, во таквите случаи машките бебиња погрешно се сметаат за женски, бидејќи нивните гениталии не се развиваат правилно.

Келиф наводно нема матка, туку внатрешни тестиси и микропенис кој потсетува на зголемен клиторис

„Reduxx“ пишува дека промените се забележуваат во пубертетот кога нивните мускули почнуваат да се зајакнуваат и им растат влакната, а не добиваат менструација и не им се развиваат градите. Според истиот извор, Келиф наводно нема матка, туку внатрешни тестиси и микропенис, кој наликува на зголемен клиторис, како и високо ниво на тестостерон.


Аудиа тврди дека лекарите ѝ препорачале на Келиф да направи хируршка процедура и да прима хормонска терапија за се усогласи со нејзиниот родов идентитет.

Келиф има изгубено девет борби во кариерата

Потсетуваме, Олимпискиот комитет ѝ дозволи на Келиф да настапи на женскиот турнир, иако минатата година заедно со Лин Ју-Тинг од Тајван, доби забрана за натпреварување на Светското првенство од страна на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА).

Тоа било направено со образложение дека ДНК тестовите докажале дека имаат „XY“ хромозоми и вишок на тестостерон. Поради ова, многумина ја обвинуваат дека всушност е маж. Но, со оглед на тоа што ИБА не предводеше олимпискиот боксерски натпревар во Париз, Меѓународниот олимписки комитет беше задоволен што и двете натпреварувачки можеа да се натпреваруваат според помалку строгите правила за полова подобност кои беа важеа за Игрите во Токио во 2020 година.


За многумина стана дискутабилно како е воопшто можно Келиф да се натпреварувала на женските турнири. Се појавија многу коментари околу нееднаквоста во односот на сили меѓу неа и нејзините противнички, а притоа сите заборавија две работи.

Имено таа веќе имаше настапувано на Олимписките игри во Токио, каде по победата во првиот меч беше поразена во четвртфиналната борба. Додека зад неа се и професионалните борби со сооднос кој не влева толку страв во коските. Односно, Келиф нема изгубено борба од 2022 година, но има изгубено вкупно девет.


„Му благодарам на Бога, овој златен медал е мојот одговор на сите кои беа против мене“

Откако тренерот Мохамед Ал-Шава ја носеше околу вратот во почесниот круг околу олимпискиот, боксерски ринг, Келиф се приближи до новинарите и изјави: „Јас сум силна жена. Жена со посебна сила. Му благодарам на Бога, ова е мојот одговор. Ова злато е мојот одговор на сите кои беа против мене“.


Потоа зборуваше за тоа како станала национална хероина чии натпревари се гледаат низ целата земја на големите екрани: „Горда сум што го „изнесов“ Алжир на улица. Тоа е чест. Ова е медал за целиот арапски свет. Му благодарам на Бога и на сите вас. Не можам да ви опишам колку сум благодарна, поради тоа што можам да ја слушнам целата моја земја како заедно со мене и поради мене ја пее нашата химна“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг