[ФОТО] Дали знаете дека Трамп имал сопствена велосипедска трка: Ги плаќал натпреварувачите подобро од „Tour de France“, но бизнисот експресно му пропаднал

Точка

06/11/2024

20:43

626

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп денес по втор пат стана претседател на САД, откако на изборите ја победи противкандидатката Камала Харис.

Трамп повторно ќе биде претседател на најмоќната земја во светот, наследувајќи го Џо Бајден, додека светските медиуми повторно пишуваат за неговото минато, како и за еден малку познат детаљ од 1989 година.


Имено, Трамп тогаш одлучил да основа сопствено натпреварување во велосипедизам. Трката се нарекувала „Tour de Trump“, а се состоела од десет етапи и имала вкупно 1.400 километри, и се одржувала во месец мај.

Инаку Трамп многу добро ги плаќал учесниците на својата трка, а наградите биле подобри од оние на познатиот „Tour de France“, со оглед на тоа дека на победникот му припаѓале 250.000 евра, а поради тоа Трамп ги „презел“ бројните велосипедски ѕвезди од другите организации и трки како „Vuelte“ и „Tour de France“.


На „Tour de Trump“ се појавија велосипедисти како Грег Лемонт и Енди Хемпстејн, а победникот на првата трка беше Дег Ото Лорицен.

Втората трка ја освои Мексиканецот Раул Алкала, по што трката наеднаш престана да постои. Токму Алкала откри колку великодушно Трамп ги наградувал натпреварувачите и потенцираше дека паричната награда не била единствената.


„Тоа беше многу убава победа постигната по многу комплицирана патека. За мене тоа беше многу важна победа. Бев еден од најплатените во тоа време со преголема награда од речиси 13.000 евра, плус добив автомобил и мотор“, откри Алкала и објасни дека вкупната награда изнесувала приближно 250.000 евра.


Целта на Трамп била да направи подобро и поголемо натпреварување од „Tour de France“, но не успеал, а и сè се распаднало во рок од две години. Трамп таа трга ја нарекуваше „најголема во Америка“, но очигледно на крајот работите не одеа според планот.


Набргу се појавија финансиските проблеми, поради што трката беше преименувана во „Tour de DuPont“, а поради главната инвестиција во натпреварувањето од страна на хемиската компанија „DuPont“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг