Модриќ им одговори на критичарите: „Тоа е збор што не сакам да го користам“

Точка

06/11/2024

15:37

1.031

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ изјави дека неговиот тим не е во криза и покрај последните лоши резултати во шпанската Примера и Лигата на шампионите.

„Ова не е криза. Тоа не е збор што сакам да го користам. Овде сум 12 години и не е прв пат да гледам ваква ситуација“, изјави Модриќ по поразот на Реал од Милан во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Реал Мадрид во вторникот вечерта беа поразени на домашен терен од Милан (1:3), додека претходно беа поразени на домашен терен во шпанското првенство од главниот ривал Барселона (0:4).


Лука Модриќ додаде дека е тешко да се оцени играта на мадридскиот тим против Милан.

„Имаше моменти кога игравме добро, но ова не беше нашиот најдобар настап. Генерално игравме лошо, а Милан беше подобар“, изјави 39-годишниот капитен на Реал Мадрид, кој воедно е и најуспешниот играч на клубот со освоени 27 трофеи.

Во вторникот Модриќ играше до 63. минута, а ова беше негов 550. настап за „кралскиот клуб“.


„Нашиот квалитет не е присутен во моментов. Треба да работиме повеќе како тим, само така работите ќе станат полесни. Сигурен сум дека ќе се издигнеме“, заклучи Модриќ.

Реал Мадрид по четири одиграни натпревари има шест бода во Лигата на шампионите, а следниот меч го игра на гостувањето кај Ливерпул на 27 ноември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг