Некогаш големата ѕвезда на светскиот фудбал повторно заминува на пауза поради повреда, а судејќи по се од клубот повеќе нема да го толерираат тоа.
Нејмар (32) повторно оди на пауза и таа ќе трае најмалку еден месец! Повредата на тетивата ќе го оддалечи од натпреварите на Ал Хилал четири до шест недели, откако до неодамна беше надвор од терените точно една година.
Од октомври 2023 до октомври 2024 година, тој заздравуваше од скинати вкрстени лигаменти и за тоа време пропушти дури 53 натпревари за саудискиот клуб. Претходно тој не играше еден месец поради проблем со мускулот и поради тоа пропушти уште седум натпревари.
Кога се ќе се собере, звучи неверојатно дека Нејмар одигра само седум натпревари за саудискиот клуб. За 428 минути во дресот на Ал Хилал, еден гол и три асистенции, а летото 2023 година доби договор вреден 300 милиони долари. И тоа загарантирани! Во исто време неговата заработка врз основа на маркетиншки активности со клубот „се искачува“ и до 400 милиони долари, објави минатата година Фабрицио Романо.
Сето ова не е далеку од пресметката дека Саудијците практично му дале на Нејмар по милион долари за секоја минута помината на теренот! Неговата годишна плата е 75 милиони долари со опција за зголемување на 200 милиони долари, а неговиот договор истекува на 30 јуни 2025 година.
Во таква ситуација, не е чудно што бразилскиот весник „UOL“ пишува дека Ал Хилал размислува да го раскине договорот поради постојаните проблеми на светската фудбалска ѕвезда.
„Ал-Хилал сакаше да се ослободи од Нејмар минатото лето, но сега повторно размислуваат за тоа“, се наведува во текстот.
Секако, проблем е вртоглавата сума за која потпиша Нејмар кога пристигна од Пари Сен Жермен.