Реал Мадрид имаше тешка ноќ во Европа и загуби 1:3 од Милан на домашен терен, но истата можеше да биде и уште покомплицирана поради Антонио Ридигер.
Стоперот на Реал често не бира средства за да ги сопре противниците, а се чини дека вчера ја надмина границата на дозволеното, иако тоа не беше евидентирано од ВАР.
Главниот судија Славко Виничиќ и останатите судии во ВАР направија голем превид, бидејќи успеаја да не забележат еден чист прекршок во шеснаесетникот.
Ридигер буквално го давеше Фофана со боречки зафат и го оневозможи да скокне по топката, па фановите на социјалните мрежи се прашуваат како ова не беше воочено од судиите.
Главниот судија Винчиќ има помала вина во дадениот случај, но луѓето во ВАР дефинитивно требаше да интервенираат и да побараат преглед на ситуацијата.
¿Lo de Rudiger haciendo un mataleón dentro del área que cojones es? 🥵
— Marc Martínez (@marc98martinez2) November 5, 2024
pic.twitter.com/bOzrYb4ntM