Анри си фати брутален сеир: Јас сум втор најдобар во шоуто како Арсенал

Дерби

06/11/2024

14:11

776

Големина на фонт

а а а

„Си-Би-Ес“ програмата во Лигата на шампионите е убедливо најпопуларна и најинтересна за фудбалските фанови, па организаторите на емисијата која ја води Кејт Абдо сега решија да направат една интересна анкета на социјалните мрежи.

Пред новата рунда натпревари во најелитното натпреварување, следбениците на социјалните мрежи гласале за својот најомилен аналитичар во студиото, а резултатите одат во полза на Мика Ричардс.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити е убедливо најсакан од фановите, на второто место е Тјери Анри, трета севкупно е Кејт, а на последно место е Џејми Карагер.

Ричардс на урнебесен начин ги славеше резултатите од направената анкета, но во фокусот се најде и коментарот кој го даде Тјери Анри, со кој си фати брутален сеир на сам себе.

– Јас сум втор најдобар како Арсенал…





Спонзорирани линкови

Маркетинг