[ФОТО/ВИДЕО] Ова е местото во САД во кое е забранета употребата на мобилните телефони, „Wi – Fi“ и микробрановите печки

Точка

05/11/2024

20:32

4.881

Големина на фонт

а а а

„National Radio Quiet Zone (NRQZ)“, или скратено Тивката зона, се протега на околу 33.670 квадратни километри на границата помеѓу Вирџинија и Западна Вирџинија и дел од Мериленд во Соединетите Американски Држави.


Во ова рурално подрачје окружено со планини и шуми, забрането е користењето на мобилните телефони, „Wi – Fi“, микробрановите печки како и сите други уреди кои употребуваат радиобранови.

Најголемиот ротирачки радиотелескоп

Најголемиот дел од трансмитерите во централното подрачје на Тивката зона мораат да работат со намалена моќност за да не ја попречуваат работата на научниците концентрирани околу опсерваторијата „Green Bank“, во која се наоѓа еден од најголемите радиотелескопи во светот.


Овој астрономски уред за примање и мерење на јачината на вселенските радиобранови има „чинија“ со дијаметар од дури 100 метри, а името го добил според починатиот американски сенатор Роберт Си Бирд, кој се залагал за неговото финансирање и изградба. Овој ротирачки радиотелескоп, откако бил изграден и поставен во западна Вирџинија во 2000 година, бил клучен за неколку важни вселенски откритија.


Кој живее во Тивката зона?

Тивката зона ја посетуваат многу креативци, писатели и уметници кои уживаат да бидат „надвор од мрежата“, како и лица кои страдаат од електромагнетна пречувствителност.

Синдромот на електросензитивност или т.н. алергија на електромагнетно зрачење кое го испуштаат електронските уреди, за прв пат била забележана во триесеттите години на минатиот век, а се манифестира преку силни главоболки, промени во дишењето, забрзано чукање на срцето и слично.

Просторот каде „играчките на модерното време“ се забранети изгледа како совршено место за живеење за луѓето кои страдаат од овој проблем.