Додека некои слават што Шпанецот Родри ја освои „Златната топка“, други се бесни поради тоа што таа не му припадна на Бразилецот Винисиус Жуниор и бесно и порачуваат на актерката Оливија Родриго дека го „ограбила Винисиус“.
Американската кантавторка и актерка Оливија Родриго нема речиси никаква врска со фудбалот, не ја славеше победата на Родри, ниту пак го коментираше Винисиус Жуниор, но сепак стана на мета на навивачите на Реал Мадрид.
Вистинската причина за огромната омраза на навивачите на Реал Мадрид кон Оливија на социјалните мрежи е тоа што 21-годишната поп сензација има презиме слично со името на фудбалерот на Манчестер Сити – овогодишниот добитник на „Златната топка“.
Поточно, на „интернет хулиганите“ презимето на Оливија Родриго им заличело на Родриго Хернандез Касканто, познат едноставно како Родри во светот на фудбалот.
Ова ја објаснува причината поради која голем број навивачи на Реал по последната објава на Оливија на Инстаграм напишаа коментари како:
„Не ја заслужуваш златната копачка“, „Не го заслужуваш „BALLON D’OR“, „Го ограби Вини, срам да ти е“ и „Вини го заслужува тоа повеќе од кој било играч на Сити“.
Можеби некои ги помешале имињата на актерката и шпанскиот фудбалер, но многумина дефинитивно намерно ги изразиле своите чувства на инстаграм профилот на Оливија Родриго – нејзините профили на социјалните мрежи се преплавени од илјадници коментари и директни пораки – главно негативни.
Всушност, како што пренесува порталот „Essentially sports“, во „опасност“ не е само Оливија, туку сите се викаат „Родриг“, а исто така жртва на онлајн хулиганите стана и аргентинскиот играч Родриго Де Пол.
Потсетуваме, на церемонијата која се одржа пред два дена во парискиот театар „Шатл“, шпанскиот фудбалер Родри беше прогласен за најдобар играч на претходната сезона, и покрај тоа што Винисиус Жуниор беше фаворит.