[ФОТО] Почина најстарата Американка (115): Во една прилика ја откри тајната на својата долговечност

Точка

27/10/2024

20:37

5.461

Големина на фонт

а а а

Елизабета Френсис почина оваа недела на 115-годишна возраст. Таа беше најстарата личност во САД и третата најстара во светот, а ја нарекуваа „Кралица Елизабета од Хјустон“.

Медиумите, политичарите, пријателите и соседите често ја посетуваа во нејзиниот дом во Хјустон, изјави нејзината внука и примарна старателка, Етел Харисон. „Таа ги сакаше луѓето, ѝ се допаѓаше сет тоа“, изјави Етел по смртта на нејзината баба.


Френсис и нејзината сестра Берта Џонсон влегоа во историјата како најстари сестри во светот. Берта доживеа 106 години и почина во 2011 година.

Барак и Мишел Обама ѝ испратија писмо за 115-от роденден

Кога Елизабет претходно оваа година, беше прашан како се чувствува со оглед на тоа дека е најстарата жива Американка, Френсис изјави за „KTRK“: „Едноставно ми се живее секој ден“.

Родена во 1909 година во парохијата Св. Мери во Луизијана, Френсис била сведок на многу работи во текот на нејзиниот живот. За време на нејзиниот живот, се сменија 20 американски претседатели и се случија две светски војни. На нејзиниот 115-ти роденден оваа година, Френсис доби писмо од Барак и Мишел Обама, кои ѝ одадоа признание.


„Во текот на еден век, создадовте извонредни спомени и ја вткавте вашата единствена приказна во американскиот наратив“, се вели во писмото. „Вие сте дел од генерацијата која собра сочувство и сила да ја води нашата земја низ некои од нашите најголеми предизвици и триумфи, и веруваме дека сте исклучително горди на она што го придонесете за нашата голема нација“, стои во писмото.

Френсис доживеала загуба рано во нејзиниот живот кога нејзината мајка починала во 1920 година. По смртта на мајката, нејзе ја израснала нејзината тетка. Нејзините други пет браќа и сестри биле поделени во различни домови. Во 1928 година, Френсис ја родила Дороти Вилијамс, нејзиното единствено дете и ја одгледала како самохрана мајка.

Се грижела за другите, никогаш не пушела ниту пиела алкохол

Работела во црква и водела кафуле, но поголемиот дел од животот го поминала дома. „Мојата баба исто така беше негувателка. Таа се грижеше за нејзините браќа, сестри и татко. Тоа беше дел од нејзиниот живот“, изјави Етел.


Во 1999 година дојде време нејзините најблиски да се погрижат за неа. Френсис се преселила кај нејзината ќерка и внука кога имала 90 години. Етел се сеќава на својата баба како жива и активна жена, дури и во текот на нејзината длабока старост. Со три внуци, четири правнуци и двајца пра-правнуци до 112-годишна возраст, Френсис учествувала во сите семејни активности.


Френсис порано откри дека никогаш во животот не пушела ниту пиела алкохол и дека јадела буквално сè. Но, кога ја прашаа за тајната на долговечноста, таа секогаш му ја припишувала на Бога.

„Само му благодарам на добриот Господ што ме задржа овде. Немаше причина да ме земе“, рече Френсис. Верата, вели нејзината внука, ѝ помогнала да ги надмине тешките времиња. „Таа секогаш ја имаше Библијата со себе“, додаде нејзината внука.


Семејството планира да го прослави нејзиниот живот на почетокот на ноември во нејзината родна црква во Хјустон. Иако Френсис ги надживеа повеќето нејзини пријатели, службата ќе биде исполнета со сите кои ја сакаа. „Нема да биде тажно. Ќе биде среќна прослава. Прослава на животот“, вели внуката.