Поради тоа што Свети Стефан од 2021 година е празен, ова луксузно одморалиште не било такво отсекогаш. Исечок од филм од 1960 година покажува како некогаш изгледало.
Станува збор за документарно-промотивниот филм „Dođite u Crnu Goru“ којшто го режирал Бранислав Баштаќ, а сценариото го напишале Сретен Асановиќ и Бранислав Баштаќ.
Филмот ги прикажува природните убавини и културното наследство на Црна Гора низ приказна за млада девојка, а снимен е во продукција на Туристичкиот сојуз на Црна Гора.
Едно од местата кое е претставено во филмот е Свети Стефан, па може да видиме како ова луксузно одморалиште изгледало во минатото.
„Ќе здогледате еден остров, на него еден град, но тоа не е град туку хотел. Затоа и го нарекуваат град-хотел Свети Стефан. Во тој хотел наместо ходници има улици, а неместо соби, куќи. Секоја соба има своја градина“, говори нараторот во филмот.
Документарецот понатаму ги покажува улиците кои носат интересни имиња, но и сликовитата песочна плажа.

Првобитната населба потекнува од 15 век, а со текот на времето местото станало рибарско.
Во 50-тите години на 20-от век, југословенските власти го претвориле во луксузно одморалиште, задржувајќи ја автентичната архитектура додека камените куќички биле претворени во елегантни апартмани.

Од 2021 година одморалиштето е празно. Катанецот бил ставен откако компанијата „Adriatic Properties“ и тогаш актуелната власт не успеале да се договорат околу условите и начините на користење на островот и плажата за сите туристи, а не само за гостите од хотелот.
 
                                










