[ФОТО] Цените не се зголемиле 500 години: Идиличната населба во која изнајмувањето на стан чини 88 центи годишно

Точка

25/10/2024

18:16

784

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да ја посетите населбата „Fuggerei“, ќе треба да платите влезница, чијашто цена е дури четири пати повисока од изнајмувањето стан за цела година.


Имено, во идиличната германска населба „Fuggerei“, цената за изнајмување стан не се сменила од 16 век и изнесува 88 центи годишно.

„Fuggerei“ – најстарата социјална населба на светот

Населбата од соништата се наоѓа во баварскиот град Аугсбург. Тој е и еден од најстарите градови во Германија, за што сведочи и неговото име. Имено, тој е основан по наредба на римскиот император Август како воен логор. Тогаш тука живееле околу 10.000 луѓе, а набргу станал еден од најголемите градови на Светото Римско Царство.


Тој беше центар на трговијата, индустријата и производството на ткаенини, уметничка оаза за бројни сликари и музичари, родно место на посебен „рококо стил“ наречен „аугсбуршки стил“, а неговиот систем за водоснабдување е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во Европа.

Но, иако просперитетен, во градот живееја доста сиромашни луѓе. За нив се грижеше влијателната и моќно банкарско семејство „Fugger“, коешто во 16 век вложи пари во изградба на специјална населба „Fuggerei“ за не многу богатите жители. Меѓу нив имало вдовици, бездомници и осиромашени занаетчии, но не и питачи.

Помагање на другите за да си помогнат себеси

За да станат жители на „Fuggerei“, тие морале да исполнат неколку услови: најмалку две години да живеат во Аугсбург, да бидат од католичка вероисповед и да имаат доказ за неказнивост. Интересно е што еден од жителите бил прадедото на познатиот Моцарт, во чија чест денес е поставена спомен-плоча.


Жителите на населбата би плаќале годишна закупнина на фондацијата во износ од само 88 центи, а освен тоа биле обврзани да „изведат“ три молитви дневно за членовите на семејството „Fugger“ и да извршуваат работи во корист на заедницата во траење од половина работно време. Големо значење се придаваше на духот на заедништво и солидарност, кој се чувствува и денес. Жителите си вршат меѓусебни услуги, си помагаат и се дружат.

На овој начин „Fuggerei“ стане најстарата социјална населба во светот. Но, за оние кои би можеби ќе се обидат да ја злоупотребат туѓата добра волја, важно е да се спомене: основниот принцип на помагањето е оној да им се помогне на другите за да си помогнат себеси. Така, додека не „застанат на нозе“ и не бидат во состојба да се иселат, да им се отстапи место на другите на кои им е потребно.


Денес има околу седумдесет куќи, т.е. околу 150 станови. Површината на становите е околу 60 метри квадратни, а оние на приземјето имаат и градина. Овој град во градот е опкружен со ѕидини од средниот век и има пет порти кои до ден денес се затвораат секоја вечер, а посетителите на оваа населба можат го посетат музејот и продавницата за сувенири.

Меѓутоа доколку сакате да го посетите „Fuggerei“, ќе треба да платите влезница, чија цена е осум пати повисока од изнајмувањето на стан за цела година – така што ќе треба да потрошите „дури“ 8 евра!



Спонзорирани линкови

Маркетинг