Ова предизвикува хемороиди: Гастроентеролозите советуваат да престанеме со една навика која ја имаме сите

Точка

24/10/2024

21:48

3.510

Големина на фонт

а а а

Сите луѓе имаат различни навики кога станува збор за варење и празнење на цревата. Некои одат во тоалет секој ден, додека други го прават тоа неколкупати неделно – и двете навики се нормални.

Меѓутоа, гастроентеролозите истакнуваат дека постојат лоши навики поврзани со варењето кои треба да се избегнуваат заради оптимално здравје.

Празнењето на цревата од три пати на ден до три пати неделно се смета за нормално. Клучот е доследноста – вели гастроентерологот Риту Нахар за „Парада“. Таа додава дека е важно празнењето на цревата да биде редовно и да не предизвикува дигестивни проблеми.


Освен тоа, таа предупредила на една вообичаена навика која би требало да прекине да се практикува – игнорирање на потребата да се оди во тоалет.

„Задржувањето на столицата може да доведе до запек и поцврста столица, што подоцна го отежнува и комплицира процесот и го прави празнењето непријатно“, објаснува д-р Нахар.

Долгорочно, ова може да влијае на природните сигнали на нашето тело.

Доколку некое лице често ја задржува столицата, тоа може да доведе до запек, хемороиди или анални (фисури) пукнатини, додава гастроентерологот Рабиа де Латур. Повременото игнорирање на нагонот (потребата) нема да предизвика штета, но долгорочното задржување може да ги наруши нормалните процеси.


На крајот, важно е да се обрне внимание на какви било промени во дигестивните навики.

„Ако забележите болка, надуеност или крв во столицата, задолжително обратете се кај лекар“, заклучила д-р Пратима Диб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг