[ФОТО] Адријана Лима повторно ја освојува модната сцена, поубава од било кога: Позираше за насловната страница на „Вог“ без тронка шминка

Точка

20/10/2024

18:16

1.190

Големина на фонт

а а а

Набргу по појавувањето на модната ревија на Викторија Сикрет, бразилската убавица Адријана Лима се појави на насловната страна на шпанското издание на магазинот „Вог“ без трошка шминка.

Таа му позираше на фотографот Даниел Џексон, а стилизирана е од Џорден Бикам. На двојната корица Адријана е без шминка, а на првата носи модел на „Christian Dior“ и капа „Clyde x Collina Strada“. На друга корица, ангелот на Викторија Сикрет ги покажува своите мускули во црн фустан на „Диор“.


Враќањето на Лима на пистата ја означува и нејзината победа над негативните коментари за нејзиниот изглед по последната бременост, кога се здебели неколку килограми.

Таа зборуваше за „Вог“ за мајчинството и одржувањето на кондицијата: „Тешко е, имам пет деца, а да се биде мајка на 40 не е исто што и да се биде мајка на 20, но отсекогаш сум сакала да имам големо семејство и јас сум многу млада во душата“.

Таа се осврна и на негативните коментари за нејзиниот изглед по последната бременост: „Вистината е дека обично многу се дебелеам за време на бременоста, тогаш родив бебе и морав да размислувам за себе. Имав други приоритети. За среќа, ја имав поддршката од моето семејство и децата, а сега сѐ помина. Треба да го славиме секој момент од животот. Се чувствувам одлично“.


Таа го прокоментира и фактот дека е целосно без шминка на насловната страна, велејќи дека во последно време речиси и не се шминка и дека „сака така да ја гледаат“.

“Знам каде сакам да одам и каде сакам да бидам. Клучот е да се чувствуваш удобно со себе, но тоа чувство се менува секој ден. Се трудам да ја претставам најдобрата верзија од себе, но сега, на 43 години, морам да работам три пати повеќе од претходно. Сигурна сум дека Леброн Џејмс или Том Брејди мораа да го направат тоа за да бидат таму каде што се“, забележува Лима.


За потсетување, нејзиното враќање на пистата на „Викторија сикрет“ по шест години привлече значително внимание – и носеше две изданија – едното огнено црвено, а другото го комбинираше со долна облека и мрежести чорапи во црни и розови нијанси.




Спонзорирани линкови

Маркетинг