Нова студија ги откри неверојатните способности на оваа бела таблета кај дијабетичарите: Ја користиме релативно често и чини „пет пари“

Точка

20/10/2024

17:38

1.924

Големина на фонт

а а а

Редовното земање на аспирин го намалува ризикот од развој на рак на панкреасот за 40 отсто кај пациенти со дијабетес и за 20 отсто кај општата популација, покажа новото истражување на научниците од Универзитетот во Саутемптон и Универзитетската болница Саутемптон.

Студијата беше организирана од хуманитарната организација за рак „PLANETS“. Нејзините членови велат дека истражувањето направило „значаен напредок“ за лекување на она што се смета за „еден од најтешките“ видови на рак поради неговата ниска стапка на преживување.

Истражувачите од Универзитетската болница во Саутемптон ги проучувале достапните податоци за речиси 10.000 луѓе од британската Биобанка - група составена од 500.000 луѓе на возраст меѓу 37 и 73 години, вклучени во студијата помеѓу 2006 и 2010 година, пишува списанието „Fenix“.

Тие откриле дека ризикот од развој на рак на панкреасот е намален за 40 отсто кај пациентите кои редовно земале аспирин и страдале од дијабетес (дијабетес мелитус), како и за 20 отсто кај општата популација.


Тимот истакна дека податоците се во согласност со претходните истражувања за превентивното дејство на аспиринот во развојот на други видови на рак. Студијата покажа дека помалиот ризик останува и по две години, односно по пет години од вклучувањето на испитаниците во студијата.

Портпаролот на „PLANETS“ изјави дека претходните истражувања покажале дека аспиринот успева да го блокира производството на ензими кои влијаат на зајакнувањето на воспалението во телото и го стимулираат растот на клетките на ракот.

„Луѓето постари од 50 години кои развиваат дијабетес имаат десет пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со рак на панкреасот отколку општата популација. И иако причините за поврзаноста не се јасно дефинирани, и во двата случаи се работи за болест на панкреасот и постои нетолеранција на шеќер. Најчестата форма, аденокарцином на дуктален панкреас (PDAC), има најниска стапка на преживување од сите видови на рак. За жал, обично се открива во напредна фаза со петгодишна стапка на преживување од само 5 проценти“, се вели во соопштението на „PLANETS“.


Студијата на научниците од Универзитетот во Саутемптон, објавена во списанието „Pancreatology“, се верува дека е најсеопфатната студија која ја испитува поврзаноста помеѓу секојдневната употреба на аспирин и PDAC и прва што покажа дека редовната употреба на аспирин е поврзана со помал ризик од развој на рак на панкреасот.

„Ракот на панкреасот се смета за еден од најсериозните облици на рак и речиси сите пациенти со оваа форма на рак умираат во рок од пет години по дијагнозата, а подолгорочното преживување е ограничено на оние пациенти на кои им бил дијагностициран во рана фаза, кога ракот е погоден за операција“, рече д-р Заед Хамади, консултант за хепатобилијарна, панкреатична и роботска хирургија, Универзитетска болница Саутемптон.


„Истовремено, откривме дека трендот за рак на панкреасот се зголемува и во Велика Британија и на глобално ниво, на сличен начин како и другите форми на рак, и знаеме дека постои посебна врска помеѓу развојот на дијабетес и ракот на панкреасот. Оваа голема студија покажува дека секојдневната употреба на аспирин, кој традиционално е поврзан со намален ризик од развој на срцев удар или компликации на срцето, исто така може да го спречи развојот на рак на панкреасот“, рече портпаролот на „PLANETS“.

„Откривме и дека во случај на земање аспирин и кај општата популација, ризикот од развој на рак на панкреасот е помал за 20 проценти. Во минатото ова се поврзуваше со други видови на рак, особено со рак на дебелото црево, но сега можеме да го кажеме истото и за ракот на панкреасот“.


„Сепак, она што најмногу не изненадува е фактот што превентивното дејство е посилно кај пациентите кои боледуваат од дијабетес, со дури 40 отсто помал ризик кај оваа група. Имајќи ја предвид поврзаноста помеѓу дијабетесот и ризикот од развој на рак на панкреасот и лошиот исход за сите пациенти, сметаме дека ова е многу важно откритие“, објавија од „PLANETS“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг