Зимското сметање на времето може да го наруши здравјето, депресија, намалена сексуална активност: Тегобите не смеат да траат повеќе од една недела

Точка

25/10/2024

14:59

969

Големина на фонт

а а а

Практиката е секој последен викенд во октомври часовникот да се поместува на зимско сметање на времето, а ова прашање е регулирано со Законот за пресметување на времето. Поместувањето на часовникот се случува двапати годишно, во март и во октомври.

Губењето еден час попладневна светлина предизвикува или ја продлабочува депресијата кај ранливите лица. Секој што веќе е во депресија може да доживее влошување на симптомите поради ова. На почетокот на ноември, воедно почнува да се појавува сезонското нарушување на расположението, популарно познато како зимска депресија.

Се претпоставува дека зголемувањето на стапката на депресија е последица на наглото забрзување на самракот како резултат на враќањето на зимското сметање на времето, како и на општото скратување на денот во овој период од годината. Поради пократкиот ден, односно помалку дневна светлина, некои би можеле да почувствуваат симптоми како што се недостаток на енергија, летаргија, зголемен апетит, нарушувања на спиењето, зголемена желба за слатко и намалена сексуална активност.


Бидејќи има помалку сонце, потребно е да се балансира исхраната. На менито треба да бидат вклучени намирници богати со витамин Д, како што се риба, говедски црн дроб, жолчка од јајце, сирење и млечни производи, некои видови печурки и квасец.

Студиите покажале дека движењето на стрелките на часовникот го нарушува циркадијалниот ритам во човечкиот ритам. А, исто така, поместувањето на часовникот се одразува и на расположението и на нивото на енергија.

Циркадијалниот (деноноќниот) ритам е биолошки ритам во организмот на човекот, кој регулира многубројни неврохуморални процеси во мозокот и на тој начин ги контролира и усогласува дневните, ноќните и низа други функции на сите најважни органи во телото. За циркадијалниот ритам е многу важно повторувањето на обрасците на дневните активности, а за човекот да се чувствува добро, овој ритам треба да биде стабилен.

Некои студии велат дека не треба да се нарушува тој деноноќен ритам, тоа е нашиот биолошки часовник, кој точно препознава кога што треба да се направи, колку треба да спиете, колку време е потребно за сите биолошки процеси и процеси на репарација, кои се неопходни за сон и кои се случуваат додека спиеме, да се извршат. Се разбира, кога тоа ќе го прекинете на еден „насилен“ начин, тогаш тоа не му годи на организмот.


Поради пократките денови и недостатокот на дневна светлина, можно е некои почувствителни луѓе да се чувствуваат изморени, летаргични, со посилен апетит, нарушување на спиењето и зголемена желба за консумирање слатки.

Секоја промена или нарушување во нашиот природен циклус може да предизвика и намалена продуктивност и губење на интерес за работа. Во овој период често стануваме поподложни на болести и сме поизморени.

Секогаш кога се поместува времето, тоа има влијание врз нашиот организам, бидејќи природниот часовник на нашето тело не се прилагодува веднаш на менувањето на часовникот.

Бидејќи на биолошкиот часовник му треба време да се прилагоди на „нарушениот будилник“, не треба да се чудите денот по поместувањето на часовникот, дека ќе почувствувате силен замор, сонливост, па дури и проблеми со срцето кај постарите луѓе.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот кога се поместува сметањето на времето, луѓето се најчувствителни и најподложни на депресија. Тогаш се најизразени и нарушувањата во спиењето, а се зголемува и бројот на пациенти со зголемен крвен притисок, па дури и инфаркти и мозочни удари. Една од причините поради која луѓето стресно ја доживуваат промената на сметањето на времето е фактот што најчесто не им е јасно зошто воопшто се менува и како дошло до тоа.


Поместувањето на часовникот влијае на внатрешниот часовник, и може да ја наруши хормонската слика што, пак, предизвикува низа проблеми како што се мигрени, нервоза и депресија.

Поради враќањето на часот наназад луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики.




Спонзорирани линкови

Маркетинг