Во рамките на офф-програмата на 26. издание на „Таксират“, концерт во Скопје ќе одржи и британскиот електро бенд „Кошин“. Тие воедно на овој начин ќе ги прослават своите 25 години постоење. Настапот е закажан за 18 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ) во 20:30 часот.
„Предводени со извонредниот глас и енергија на харизматичната пејачка и текстописец Шиан Еванс (Siân Evans), бендот „Кошин“ ја стекна светската слава благодарение на хитот „Hide U“ од платинестиот дебитантски албум „Resist“ (2001), а следуваа и кросовер хитовите „Catch“, „Hungry“ и „All In My Head“. Нивната кариера брои пет студиски албуми со кои стекнаа репутација на култен претставник на музиката од почетокот на веков. Достигнувајќи ново ниво на страст и длабочина, таа ги доведе музиката и настапите на оваа група до совршенство“, велат од Пасворд продукција.
Нивната кариера брои пет студиски албуми со кои стекнаа репутација на култен претставник на музиката од почетокот на веков. Неколку години паузираа од турнеите, па Шиан Еванс ја искористи паузата за да ја канализира својата енергија и од сосема нова перспектива да внесе новости во настапите на бендот во живо. Достигнувајќи ново ниво на страст и длабочина, таа ги доведе музиката и настапите на оваа група до совршенство.
Во полн сјај се вратија на сцена во 2019 година, појавувајќи се како еден од главните изведувачи на бројни британски и европски фестивали, како и настани од светска класа. Оттогаш групата ги одржа некои од своите најдобри концерти, а следна пресвртница беше извонредната турнеја од 2021 и исклучително успешните настапи со изменет состав. Нивните енергични, страсни и моќни настапи собраа одлични оценки од критиката и заклучок дека бендот сега звучи подобро од било кога. Шиан успева одново и одново да плени со својот беспрекорен вокал, безграничен ентузијазам и енергија, а моќта на нејзината музика е усогласена со нејзината уникатна појава и харизма на сцена. Од настап до настап, групата „Кошин“ успешно продолжува да ја зацврстува својата несомнена репутација како еден од култните бендови на своето време.
На концертот на 18 октомври во скопскиот МКЦ, „Кошин“ ќе ги изведе најдобрите нумери од својата 25-годишна кариера. Билетите се веќе достапни онлајн и во продажната мрежа на МкТикетс, со промотивна цена од 800 денари, која е резервирана само за првите сто купувачи, до скоро важеше втората промо цена односно 1000 денари.
Во моментов во претпродажба билетите можете да ги најдете по цена од 1200 денари, додека на самиот ден на концертот ќе чинат 1500 денари.
Во рамки на офф-програмата од Пасворд ги најавуваат и концертите на „Свемирко“ на 16 ноември во „Станица 26“ и „Апокалиптика“ на 29 ноември во Арена „Борис Трајковски“, но и, како што велат, многу други пред главната фестивалска вечер, кои наскоро ќе бидат објавени.