Синот на Ралф Шумахер изнесе шокантни детали од бракот на родителите: „Моравме да викаме полиција бидејќи мајка ми непрестајно го тепаше татко ми“

Точка

07/10/2024

18:04

969

Големина на фонт

а а а

Синот на Ралф Шумахер, Давид Шумахер, зборуваше за пропаднатиот брак на неговите родители, велејќи дека неговата мајка постојано го ограничувала и дека е „ментално болна“.

Давид Шумахер застана во одбрана на својот татко Ралф, во период кога неговата караница со поранешната сопруга ескалира.


Поранешниот возач на Вилијамс, Ралф, во јули, објави дека е во љубовна врска со својот менаџер од Франција, Етијен Буске Касан.

Оваа вест предизвика војна од обвинувања помеѓу Шумахер и неговата поранешна сопруга, која го обвини дека лажел и изјави дека „ги потрошила своите најдобри години“ на него. Парот претходно беше во брак 14 години и го добија синот Давид, пред да се разведат во 2015 година.

Сега во однос на ова прашање јавно се огласи и Давид, покажувајќи дека го поддржува татко му и тврдејќи дека неговата мајка има ментални проблеми, пренесува „Дејли мејл“.


„Нормално не би сакал да зборувам за семејни работи во јавноста бидејќи на овие теми местото не им е на интернет“, започнува изјавата на Давид, објавена во сега веќе избришаната објава на Инстаграм.

„За жал мојата мајка очигледно мисли поинаку. Сега е време да му се стави крај на тоа: сакам да го живеам животот во мир и да ги постигнам моите цели, без прашања за сето она за што нè обвинувам мајка ми, мене и мојот татко“, пишува Давид.


Тој понатаму вели дека неговата мајка страда од „ментални проблеми“ уште откога тој бил дете, притоа раскажувајќи вознемирувачка приказна од детството.

„Кога се разведоа моите родители во 2015 година, мајка ми мѝ се закануваше дека, доколку не живеам со неа, ќе го уништи мојот животен сон, што значеше дека мојот сон да станам возач ќе биде уништен, поради заедничкото старателство, односно дека таа веќе нема да ми ги потпишува потребните документи“.

„Бидејќи не беше во соодветна ментална состојба да се грижи за мене, а јас не сакав да растам во окружување каде единствената важна работа ќе биде тоа колку лоша личност е татко ми, едноставно не сакав да бидам во нејзина близина“.


„Имаше ситуации кога сакаше да ме земе од татко ми против моја волја, а работата толку излезе надвор од контрола што бевме присилени да повикаме полиција, бидејќи таа непрестајно го тепаше татко ми“.

„Мојот татко секогаш се обидуваше да има добар однос со мајка ми, со години ме убедуваше да ѝ дадам шанса. Секогаш го одбивав бидејќи немам желба ниту сила да поминувам низ истите работи повторно – да го будам старите спомени и да поминувам низ исти искуства“.


„А нејзиното моментално однесување е апсолутно срамно: моите родители се разведени 9 години! Ве молам оставете нè на мир и оставете нè да ги живееме нашите животи – и ние вас ќе ве оставиме на мир“, напиша Давид.

Давид Шумахер со сето срце го поддржа татко му и неговата врска со Етјен, а сите заедно, вклучувајќи ја девојката на Давид, летуваа на јахтата на Ралф.



Спонзорирани линкови

Маркетинг