Голем удар за фановите на „Колдплеј“: Еден од најпопуларните светски бендови се повлекува од сцената

Точка

07/10/2024

14:00

713

Големина на фонт

а а а

Крис Мартин ги откри плановите на бендот, кои ќе ги разочараат обожавателите ширум планетата.

Пејачот Крис Мартин во најновиот разговор за Apple Music откри дека бендот „Coldplay“ планира да сними 12 студиски албуми, по што се повлекуваат од сцената.

Фронтменот на „Колдплеј“ објави дека еден од најпопуларните светски бендови се подготвува за пензија.


„Ќе снимиме само 12 студиски албуми и толку“, изјави пејачот во неодамнешниот разговор за Apple Music по повод објавувањето на нивниот нов, 10-ти албум „Moon Music“, кој ќе излезе денеска, пренесува Stereogum.com.


Пред неколку години, Мартин изјави дека групата ќе престане да се занимава со музика по 2025 година, а иако се чини дека малку го продолжиле животниот век, судејќи по оваа изјава изгледа дека таа одлука сè уште стои.


Водителот Зејн Лав истакна дека со овој начин на размислување бендот си наметнува граници, на што Мартин одговорил: "Ќе ви кажам зошто таква одлука. Многу е важно да поставиме граница. Имено, има само седум Хари Потер книги, има само 12 и пол албуми на Битлси, отприлика ист број на Боб Марли, и сите тие се наведени како наши идоли. За преостанатите албуми наместо да влеземе во комфорната зона, се трудиме да се подобриме, што е одлично“, рече 47-годишниот Британец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг