[ФОТО] 11 бањи, домашно кино и парче океан: Ѕирнете во новиот дом на семејството Бекам кој зрачи со луксуз и вреди 80 милиони долари

Точка

07/10/2024

19:31

1.322

Големина на фонт

а а а

Најпознатото семејство на светот пронајде ново парченце рај на брегот од океанот. Викторија и Дејвид Бекам се во брак веќе 25 години и се сметаат за еден од најмоќните парови на светот. Тие заедно израснаа четири деца, а нивното „семејно гнездо“ се наоѓа во Лондон, додека овој познат „power couple“ поседува уште многу луксузни недвижнини ширум светот.


Според добро известен извор, на својата колекција луксузни домови, семејството Бекам ќе ѝ додадат уште една спектакуларна вила сместена на вода. Оваа градба со модерен дизајн и минималистички линии се наоѓа во Мајами и претставува вистинска оаза на мирот, чијашто вредност се проценува на неверојатни 80 милиони долари.

Вилата е една во низата слични вили во скапоцената населба, а до неа се пристапува преку мирните улички слични на оние од живописните американски филмови и серии.


Предниот влез со три гаражи го скрива голема порта, а куќата е речиси целосно прекриена со затемнети стакла. Кровот е рамен и прекриен со зелен килим којшто асоцира на вештачка трева, а на него може да се ужива како на вистинска тераса или градина, со поглед кон океанот.


Куќата има девет спални соби и 11 бањи, ѕидовите и мебелот се претежно во бела боја, со беж и сиви тонови, додека подот и скалите се прекриени со светло дрво, внесувајќи топлина и создавајќи совршен баланс со сè присутниот модернистички дизајн.


Украсите во вид на преубави уметнички дела можат да се забележат на секој чекор, а покрај тоа оваа куќа ја красат и простории за опуштање како што се теретаната, сауната и домашното кино.


Покрај директниот излез на океан, екстериерот на овој потенцијално нов дом на семејството Бекам, нуди и голем базен како и летна кујна.

Со оглед на тоа дека Дејвид Бекам е нов косопственик на фудбалскиот клуб Интер Мајами, многумина сметаат дека оваа нова вила дополнително ќе ги засили врските на некогашниот спортист со своите играчи и управата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг