Најголемата поп ѕвезда на денешницата стана најбогата музичарка на светот

Точка

07/10/2024

12:17

1.909

Големина на фонт

а а а

Тејлор Свифт и официјално стана најбогата „самосоздадена (self created)“ музичарка на светот со нето вредност од 1,6 милијарди долари. Оваа вест ја потврди Форбс, потенцирајќи дека американската пејачка станала милијардерка по големиот успех на нејзината минатогодишна турнеја „Eras Tour“. Тејлор сега ја престигна Ријана чиешто богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.


„Нејзиното богатство вклучува 600 милиони долари од турнеи и хонорари, 600 милиони долари од вредноста на нејзиниот музички каталог и 125 милиони долари од вложувања и недвижности“, пишува Форбс. Со титулата најбогата музичарка, Тејлор сега се наоѓа на второто место на вкупната листа на најбогати музичари, веднаш зад Џеј Зи, чиешто вкупно богатство се проценува на 2,5 милијарди долари.


Заработила една милијарда исклучиво од пишување и изведба на песни

Според Форбс, Тејлор Свифт се разликува од останатите милијардери бидејќи своето богатство не го акумулирала преку профитабилни, споредни бизниси, како што се козметички брендови или модни линии. Свифт е првата музичарка која ја помина магичната бројка од милијарда долари исклучиво благодарејќи на пишувањето и изведбата на песните.

Во 2020 година нејзината нето вредност се проценуваше на 365 милиони долари, што значи дека во последните четири години таа собрала повеќе од 1,2 милијарди долари.

„Time“ ја прогласи за личност на годината

Тејлор Свифт е најголемата поп ѕвезда на светот, а магазинот „Time“ минатата година ја прогласи за личност на годината.

„Ова е најгорд и најсреќен момент во мојот живот, и ова е најкреативната, најисполнетата и најслободна фаза од мојот живот“, изјави Тејлор по објавата дека таа е личност на годината.


Свифт победи во конкуренција на поширок спектар финалисти, вклучувајќи ги поранешните обвинители на Доналд Трамп, британскиот крал Чарлс Трети и Барби.

Тејлор Свифт заработи слични признанија и од магазинот „People“ којшто ја прогласи за најинтригантна личност за 2023 година. Нејзината вештина за пишување песни и талентот дури поттикнаа основање на институти за неа, вклучувајќи ги оние на универзитетите Станфорд, Калифорнија, Брекелеј и Харвард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг