Ова е вистинското име на Бруно Марс: Фановите се чудат зошто го сменил

Точка

07/10/2024

11:41

1.458

Големина на фонт

а а а

Бруно Марс во една прилика откри зошто го одбрал ова уметничко име, а фановите останаа зачудени кога го слушнаа неговото вистинско име.

Триесет и осумгодишниот пејач роден во Хонолулу на Хаваите, а неговото вистинско име е Питер Џин Хернандез. Тој на 17 годишна возраст се преселил во Лос Анџелес и стана познат како Бруно Марс, а во интервју за „Blues and Soul“ откри зошто го одбрал токму ова уметничко име.


Татко му, му дал прекар

„Татко ми мѝ го даде прекарот Бруно Марс кога имав две години. Бев дебелкаво дете, а во тоа време постоеше еден дебелкав (италијански) борач по име Бруно Самартино, така што ме викаат Бруно откога паметам за себе“, објасни пејачот.


„Мајка ми секогаш ме викаше Бруно, сестрите исто така. Всушност, единственото место каде некогаш ме нарекувале Питер беше во училиште. Така што јас изгледа раснев како две различни личности, што е можеби причината поради која мојата музика е толку разновидна – јас сум само збунета личност“, се пошегува Бруно.

Бруно исто така објасни дека не сакал да потпадне под стереотипите за латино пејачите поради своето вистинско презиме, а откри како „презимето Марс“ настанало низ шега во студиото. „Еден ден бев во студиото и им велев на луѓето: „Хеј јас сум надвор од овој свет! Јас сум Бруно Марс, и тоа остана така“, се потсети Бруно.


Неговите обожаватели го коментираа неговото вистинско име на социјалните мрежи: „Интересно“, „Се шегувате, вистинското име на Бруно Марс е Питер?“, „Не требаше да го смени“, беа само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг