[ФОТО] Меган Маркл излезе од медиумската илегала поради гласините дека се разведува од принцот Хари: Сите зборуваат за нејзиниот беспрекорен изглед

Точка

06/10/2024

21:00

933

Големина на фонт

а а а

По медиумска пауза, Меган Маркл се појави синоќа во Лос Анџелес, на церемонијата организирана за помош на детската болница во ЛА.

Принцот Хари не беше покрај неа, а војводата од Сасекс неодамна неколку пати се појавуваше во јавноста без сопругата, што предизвика сомнеж дека има проблеми во нивниот брак. Додека кружат вакви приказни, војвотката блеска, во модифицирана верзија на стариот фустан.

Војвотката од Сасекс носеше црвен фустан од модната куќа Каролина Херера, кој го избра во 2021 година за настан во Њујорк, во чест на војската во пресрет на Денот на ветераните во САД и Денот на примирјето во Британија. Хари тогаш беше покрај неа.


Како што пишува Дејли Мејл, Хари тргнал на планинарење со пријателите, а тоа патување го организирала Меган Маркл. Без разлика, соло појавувањето на војвотката ги подгреа сомнежите дека работите не одат добро меѓу неа и за Хари.

Принцот неодамна беше сам во Лондон, а во последните 15 дена имаше 10 јавни настапи без сопругата, вклучувајќи патување во Британија, Лесото и церемонија во Њујорк.

Меган последен пат беше видена ден пред 40-тиот роденден на нејзиниот сопруг кон средината на минатиот месец. И во 2023 година се пишуваше дека таа и Хари се долго време разделени, но извори блиски до нив велат дека тие двајца, како и секој пар, имаат несогласувања, но дека нивната врска е силна.


Војвотката е фрустрирана од судските случаи на Хари во Британија, а се шпекулираше дека парот не се согласува околу воспитувањето на нивните деца, Лилибет и Арчи.

Други додаваат дека Меган и Хари, кои се во брак од 2018 година, сега имаат различни цели.

„Војводата и војвотката сега напредуваа како поединци - не само како двојка. Војводата е фокусирана на својата покровителска работа, а војвотката на нејзиното претприемачко патување. Но, ќе има заеднички напори во бизнисот“.

Забележливо е и тоа што Меган изгледа подмладено, се коментираше дека многу ослабела и дека тоа се одразило и на нејзиното лице кое делува многу освежено, пополно по волумен и едноставно помладо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг