Песната „Ти само буди довољно далеко“ е посветена на познатата белграѓанка: Зад неа се крие приказна за фатална љубов

Точка

23/09/2024

17:03

4.887

Големина на фонт

а а а

Култната песна „Ти само буди довољно далеко“ („Ти само биди доволно далеку“) е посветена на една од најубавите девојки во поранешна Југославија, пишува „Стил“.

Таа е родена како Јелена Петровиќ, но за време на студиите го променила името во Јелена Тинска и никогаш повеќе не го сменила презимето. Таа била една од најфаталните жени во Југославија во тоа време , а нејзиниот талент за танц, балет и глума не останал незабележан.

Со познатата танцова група „Локици“, која го придружувала Здравко Чолиќ, таа одиграла 120 концерти за 60 дена. Тие биле толку популарни, што сите сакале да ги запознаат.


Девојките биле многу атрактивни на нивните настапи, секогаш облечени во трико и со голи раменици. Но, се чини дека Јелена привлекувала најмногу внимание.

Посебно интересен бил нејзиниот љубовен живот, за кој зборувала цела Југославија.

Јелена Тинска најпрво се омажила за Драгослав Лутовац , кој ѝ бил прв дечко. За две години брак, таа станала мајка на две ќерки. Со оглед на нејзиното патријархално и традиционално воспитување, таа сметала дека мора да се омажи за Лутовац, со оглед на тоа што тој ѝ бил прво момче.


Меѓутоа, таа љубов и тоа размислување не траеле долго. Кога нејзината постара ќерка имала две и пол години, а помалата година и пол, парот се развел затоа што Јелена се заљубила во друг.

Станувало збор за пејачот Горан Милошевиќ од рок-групата „Генерација 5“, кој бил познат и по прекарот Аполон. Горан и Јелена се запознале на многу интересен начин. Јелена ја фотографирал фотографот Мики Величковиќ, а кога ѝ ги донел нејзините фотографии, со себе ги носел и оние на Горан. Штом ги погледнала, таа веднаш го прашала Величковиќ за кого станува збор.


Кога ѝ објаснил дека тоа е пејачот од „Генерација 5“, која тогаш била многу популарна група, таа веднаш го побарала неговиот телефонски број. Таа му се јавила и му се претставила, но тој помислил дека некој се шегува со него и ѝ ја спуштил слушалката.

Сепак, Јелена не се откажала и набргу ја имале и првата средба. Кога ја видел Горан, тоа било љубов на прв поглед. Сите белграѓани зборувале за нив, а ги нарекувале и „најромантичниот пар“.

Во тоа време, Јелена Тинска била пејачка во рок-групата „Лутка“. Тие често си пееле еден на друг, а низ Белград се возеле со моторот на Горан и така го привлекувале вниманието.

Тоа бил најбурниот период од животот на Јелена Тинска. За тоа колку била голема нивната љубов говори и фактот што Горан ѝ ја посветил една од најпопуларните песни на „Генерација 5“ – „Ти само буди довољно далеко“.

Иако се чинело дека сѐ е совршено, нивната љубовна приказна завршила со скандал.

Наводно, Јелена го затекнала Горан во кревет со друга жена. Тој тврдел дека не ја изневерил, објаснувајќи ѝ дека таму само преспала девојката на неговиот пријател. Јелена не му поверувала. Според чаршиските муабети, таа му се одмаздила со тоа што започнала афера со пријателот, чија девојка преспала во креветот на Горан.


Потоа, во јуни се запознала со сликарот Миќа Узелац, во јули се омажила за него, сѐ со цел да му тера инает на Горан, а веќе во август се развела од сликарот. Потоа повторно му се вратила на Горан, но нивната врска не траела долго.

Пејачот на „Генерација 5“ се повлече од јавноста, но Јелена сѐ уште е многу активна на социјалните мрежи и одвреме-навреме го споделува споменот за нејзината голема љубов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг